Со школски прибор до влез на прекрасниот хуманитарен настан „Од децата за децата“


На 7. декември, сабота, во 12.00 часот во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи 7. хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“ организиран од „Македонски вознес“ со Виолета Ачкоска и Виолета Сековска.

Ова е еден прекрасен хуманитарен фестивал чија влезница се плаќа со прибор за училиште. Истите ќе бидат за учениците од училиштата ПОУ „Д-р. Златан Сремец“ – Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“. Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од цела Македонија кои ќе бидат таму со своите родители и ментори.

Децата со попреченост во развојот и нивните родители секојдневно се соочуваат со потешкотии и предизвици кои можат да ги надминат верувајќи дека постојат луѓе во Македонија кои ги сакаат и можат да ги поддржат. Малите чекори им даваат инспирација и мотивација дека постои добрина во нашето општество.

Организаторите порачуваат до сите што ќе дојдат на фестивалот дека не само што ќе си поминат убаво, туку и ќе помогнат во нивната цел за инклузија на децата со попреченост во развојот во нивните општествени активности како стекнување пријателства со врсниците, активно вклучување во заедницата.

Со тоа што ќе дојдете на овој хуманитарен фестивал создавате повик за еднакви права, можности, прифаќање и соживот.


Вести

По апелите на Вархеј, политичките партии со поместени позиции за новиот закон за ЈО

– СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство, што најголемата опозициска партија ќе го анализара деновиве. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека неговата партија и коалицијата се подготвени за тој […]

Вести

Жртвите од лустрација обесштетени со вкупно 32.400 евра

– Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент […]

Вести

Процесот за отповикување на Трамп продолжува во вторник

– Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува во вторник, 21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот. Процесот во Горниот дом на американскиот Конгрес официјално започна во четвртокот. Трамп ќе […]