Снежана Караџовска: И јас сум многу разочарана и гневна, бидејки ми ветивте, но тие што требаше да го реализираат ветувањето не го исполнија


Почитуван премиер Зоран Заев

И јас сум многу разочарана и гневна, бидејки ми ветивте, но тие што требаше да го реализираат ветувањето не го исполнија.
Сите ми честитавте нов живот, некој преку фб, некој по телефон, а министерот Венко Филипче, г-динот @Ден Дончев и г-динот Орхан Рамадани лично.
Не им верував, не затоа што сум песимист туку затоа што до сега неколку пати ветија но ништо баш ништо не исполнија, а со тоа ја загубија довербата. Затоа овој пат барав гаранции од вас и молев да не го испуштам и овој термин. Министерот дури ми рече и да се јавам во Холандија да спремаат нова фактура. Јас по пеетти пат ја презакажав операцијата и му напишав на докторот дека обезбедени се средства и имам голема поддшка од владата . Поради неажурноста на институциите и овој термин го испуштив. Дали пациент со приоритет треба да чека три години.
Ми беше речено дека и вие ми честитате. Ако е тоа вистина како што ми пишуваше цело време г-динот Спасе Додевски ве молам да престане оваа тортура врз мене и нови преговори.
Ве молам почитуван премиер Зоран Заев да го исполните ветувањето, да ми се овозможат што е можно побргу средствата за лекување во странство, а со тоа и правото да можам сама да се грижам за себе.
Со почит
Снежана Караџовска


Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните - МИА
Вести

Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 7 јули 2020 () – Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на […]

Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица - МИА
Вести

Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите

Скопје, 7 јули 2020 () – Вкупно 78 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден. Иако бројката е значително помала во однос на претходните недели, сепак надлежните предупредуваат дека есенските денови се […]

Вести

ДСКС ќе одлучува за неколку приговори доставени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Скопје, 7 јули 2020 () – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 32. седница на која ќе разгледа неколку приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата, како што е најавено, ќе разгледа […]