Samsung Galaxy Z Flip3 5G – Извонредно функционален телефон кој ќе го собере и во најмалата женска чанта, a e доволно моќен да го замени вашиот лаптоп кога ви е најпотребно



Конечно во Македонија пристигнаа преклопувачките паметни телефони на Samsung (Samsung Galaxy Z Fold3 5G и Samsung Galaxy Z Flip3 5G). Тимот на Опсервер ја имаше честа да направи рецензија за еден од нив.


 

Возбудата за ова парче технологија беше на високо ниво, а фактот дека нашиот тим е меѓу првите кои ќе има можност да го рецензира телефонот го прави задоволството уште поголемо.

Веднаш по распакувањето на продуктиот имате чувство дека станува збор за стандарден смартфон со алуминииумска заштитна рамка и дупла камера од задната страна, но поучени од минатите искуства знаевме дека Samsung секогаш знае позитивно да изненади со своите иновативни решенија. Магијата почнува веднаш кога ќе ја извадите заштитната фолија.

Mоделот Galaxy Z Flip3 5G e водоотпорен и го исполнува IPX8 стандардот. Има седум комбинации на бои на телефон. На располагање се стандардните бои: црна, кремова, зелена и лаванда, а тука е и ексклузиваната линија на бои составена од сива, бела и розева.

На тестирање го добивме црниот телефон.

Боите на телефонот се комбинација на црни бои кои се во склад со алуминиумската заштитна рамка и стаклениот екран кој е позициониран на задната страна во спој со главнта камера.

Телефонот е со димезии  166 x 72.2 x 6.9 mm кога не е преклопен и 72.2 x 86.4 x 17.1mm преклопен кој ви овоможува да го носите и во помали џебови или торби.  Еластичниот диплеј и механизмот на средината на телефонот го прават преклопувањето глатко и забавно.

Имаме чувство дека Samsung  главниот акцент при изработување на овој телефон го ставиле повеќе на технологијата отколку на дизајнот, сепак покрај минималистчкиот дизајн, дизајнерите во композицијата наречена Galaxy Z Flip3 5G нашле начин како да го стават логото на Samsung кое го исчезнува кога ќе се отвори телефонот.

Galaxy Z Flip3 5G располага со два екрана. На предната страна (кога е преклопен) телефонт има мал 1.9-inch, 260 x 512 pixel Super AMOLED panel кој е многу корисен кога е затворен телефонот. На малиот екран можете да додавате предефинирани виџети и дизајни на саати и доколку имате Galaxy Watch 4 или Watch 4 Classic можете да направите синхронизација на уредите.

Главниот екран кој се преклопува е 6.7-inch, 2640 x 1080 pixel, 120Hz Dynamic AMOLED дисплеј  кој ни нуди многу живописни бои кои изгледаат прекрасно, а со освежувањето од 120Hz анимациите се многу пореалистични за разлика од своите претходници. Освен технолошкиот напредок во сферата на дисплеите инженерите на Samsung се погрижиле за решавање на предизвикот со кој сите се соочиваме кога сме на отворено.

Имено, при користење на телефонот светлината на дисплејот е зголемена за 29% што ни овозможува непречено да го користиме телефонот дури и на директно силно сонце.

Флексибилноста на диплејот ни овозможува да го користиме телефонот и под агол. Интересно е да се напомене дека телефонот има инсталирано апликации кои работат во Flex Mode кои кога ќе го ставиме телефонот под агол се делат на два дела на кои на горниот дел ни ја прикажуваат главната содржина, а на дониот дел ни се позиционирани контролите за управување.

Galaxy Z Flip3 5G доаѓа во две варијанти 128GB и 256GB внатрешна меморија и двата модела доаѓаат со 8GB RAM и има поддршка за мрежата како стандаргна варијанта. Телефонот работи на Android 11 оперативен систем кој е поддржан од Octa-core (1×2.84 GHz Kryo 680 & 3×2.42 GHz Kryo 680 & 4×1.80 GHz Kryo 680) процесор и Adreno 660 графичкиот процесор. Како што спомнавме претходно, телефонот покрај сите стандардни апликации кои доаѓаат со оперативниот систем Android содржи  и Flex Mode на одредени апликации при што користењето на свитканиот екран го прави лесно и практично како што е работа со документи или видео повици.

Телефонот има главна и селфи камера. Главната камера на задната страна се состои од две камери:  eдната од нив е со широк опсег, а другата со улта широк опсег со 123 степени видливо поле. За квалитетот на беспрекорната фотографија гарантираат 12-те мегапиксели дополнети со автоматски фокус и стабилизатор на слика.

Никогаш не било полесно да направите селфи со интегрираната камера во диплејот која е со 10MP квалитет и широк опсег.

Камерите ќе ви овозможат добро искуство, а автоматската оптимизација на слика ќе ги направи сликите поживописни.

Батеријата која ја опслужува оваа технолошка композиција од инженерите на Samsung е интегрирана со моќност од 3300 mAh која ќе ве опслужи околу 12 часа. За да го наполните телофонот ќе вибидат потребни околу 3-4 часа. Батеријата има три режими на полнење: Брзо полнење 15W, Брзо безжично полнење 10W и полнење од друг уред  со моќност од 4.5W.

Иднината телефонскиот дизајн се рефлектира во овој модел на Samsung. Компактен, лесен, без да зафаќа многу место, а сепак извонредно функционален уред кој ќе го собере и во најмалата женска чанта и е доволно моќен да го замени вашиот лаптоп во моменти кога ви е најпотребно.

Р.Т.