РСБСП: Срце си што не возиш пијан


– Срце си што не возиш пијан. Среќен празник. Вози одговорно! – е пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го честита празникот на љубовта и виното, Св. Валентин и Св.Трифун.

Од РСБСП порачуваат дека празниците се денови кога треба да застанете за момент, да одморите и да размислите за себе и за своите најблиски, да размислите за предизвиците, за можностите, за убавините кои ги носи животот. Празниците се време да размислете што Ви нуди љубовта, што е тоа што Ве прави среќни и задоволни, да размислите за тоа како треба да живеете, кои се вашите добри и лоши навики и како да продолжите понатаму во животот.

Според статистиката во просек, 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 29 години, додека околу 30 проценти од вкупно настраданите лица во сообраќајни незгоди се млади лица на возраст до 29 години.

Сообраќајните незгоди се причина број еден за смртност на младите лица на возраст од 15 до 19 години.

Статистичките податоци покажуваат дека на светско ниво, секоја година околу 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди или дневно се губат околу 1.100 млади животи на патиштата ширум светот. Една од водечките причини за ваквата состојба е возењето под дејство на алкохол.

По повод празниците Св. Валентин или Св.Трифун РСБСП ги повикува младите да си го честитаат празникот на виното и љубовта со емотивни и едукативни пораки и совети:

Срце си што не возиш пијан. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што возиш безбедно. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што ги почитуваш сообраќајните правила. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што ги почитуваш сите учесници во сообраќајот. Среќен празник. Вози одговорно!

Срци си што користиш сигурносен појас! Среќен празник!

Среќен, Св. Валентин или Св.Трифун ! Вози одговорно! 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 141 случај со Ковид-19, двајца починати, 175 оздравени пациенти

Скопје, 13 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, […]

Вести

Џафери доби внук, денеска нема продолжение на конститутивната седница

Скопје, 13 август 2020 () – Во Собранието денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат […]

Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови - МИА
Вести

Неизвесно денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието

Скопје, 13 август 2020 () – Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери. Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата […]