РСБСП со препораки за возачите и за пешаците: како да останат безбедни во сообраќајот во зима

 Додека пешаците се најранлива категорија учесници во сообраќајот, возачите, пак, се оние кои најчесто предизвикуваат или учествуваат во сообраќајна незгода. Зимата и зимските услови на патиштата предизвикуваат сериозни проблеми, како за возачите, така  и за пешаците.

Во зима, времето е студено, денот е пократок, а појавата на магла е зачестена и значително е намалена видливоста на патиштата. Во вакви временски прилики, кога улиците и тротоарите се лизгави, а утринските и дневните температури се во минус, најзагрозени во сообраќајот се пешаците – нивното движење станува опасно и отежнато. Без разлика дали се движат на тротоар, на пешачки премин или преминуваат преку улица, сепак тие се најподложни на повреди. Секојдневно страдаат голем број пешаци независно од нивната возраст, пол или способност, а најчесто повредени пешаци се повозрасните луѓе.

Водејќи се од ваквата состојба, РСБСП ги советува пешаците како безбедно да учествуваат во сообраќајот:

  1. Оставете го мобилниот телефон додека се движите – рассеаното движење е опасно!
  2. Останете видливи и дење и ноќе! Носете светла, рефлектирачка облека или предмети. Додадете рефлектирачка лепенка или елек на вашата јакна или торба.
  3. Носете соодветни и добро одржувани обувки за да го намалите ризикот од паѓање на лизгавите површини.
  4. Планирајте ги вашите излегувања или состаноци. Обидете се да бидете надвор додека е ден и додека се добри временските услови. Оставете си повеќе време кога патувате во текот на зимата, така што нема да мора да „стрелате“ низ сообраќајот за да го фатите автобусот!
  5. Избегнувајте да носите работи поради кои би можеле да го изгубите балансот додека одите.
  6. Преминувајте ја улицата само на обележан премин. Никако не претрчувајте и не ја поминувајте улицата надвор од обележан пешачки премин.
  7. Остварете контакт со очи со возачот на возилото што доаѓа кон вас. Почекајте додека не поминат сите возила, пред да тргнете по улицата.

 

  1. Држете ја главата горе и внимателно следете го сообраќајот! Не дозволувајте нешто друго да ви го одвлече вниманието. Имајте во предвид дека: на замрзнати коловози, возачите се соочуваат со сериозни предизвици и дека во такви услови, потешко се запира возилото, односно неговиот сопирачки пат е подолг.

Во зимски сообраќајни услови, покрај внимателноста на пешаците, задолжителна е и апсолутната внимателност и одговорност на возачите, особено кон ранливите категории учесници во сообраќајот (пешаци и велосипедисти). Во зима, условите за возање се двојно отежнати,  затоа РСБСП со потсетување на неколкуте важни работи што треба да ги почитува секој возач во зимски услови на возење:

  1. Пред да тргнете на пат, проверете ја временската прогноза.
  2. Задолжително вклучете ги светлата за да ја зголемите видливоста за другите возачи.
  3. Резервоарот со гориво, секогаш нека биде барем половина полн.
  4. Внимавајте течност за чистење на шофершајбната (ветробранското стакло), секогаш да има доволно.
  5. Возете побавно и држете растојание. Вашата брзина треба да се прилагоди кон временските услови, условите на патот и да одговара на протокот на сообраќај.
  6. Избегнувајте одвлекување на вниманието и не го користете мобилниот телефон додека возите. Вашиот целосен фокус треба да биде на патот.
  7. Имајте зимски сет во вашиот автомобил. Комплетот треба да содржи најмалку кабли за стартување на возилото, спреј за одмрзнување на брави, полнач за мобилен трелефон, ќебиња, фенерче, вода, прибор за прва помош.
  8. Ако се заглавите, вклучете ги трепкачите, поставете рефлектирачки триаголник на патот, ако има големи наноси на снег за означување на возилото може да закачите обоена ткаенина на антената. Останете во возилото додека не дојде помош.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите, во зимски услови да го прилагодат возењето спрема временските услови и условите на патот, да ги почитуваат пешаците и да се погрижат за нивната безбедност во сообраќајот.  Пешаците, исто така, треба добро да проценат кога ќе тргнат да ја преминуваат улицата затоа што коловозите се замрзнати и на возачите ѝм треба повеќе време и простор безбедно да го запрат возилото.

Со правилно и безбедно однесување во сообраќајот, водете грижа за себе и за останатите учесници во сообраќајот.

 

Сообраќајните правила и прописи не постојат за да ве казнува полицијата, туку за да го заштитите сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот. Вози одговорно!

Вести

Ново привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, привремено ќе биде затворен регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави […]

Балкан

Турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој патувал Ципрас

За време на патувањето на премиерот на Грција, Алексис Ципрас кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го […]

Вести

Утврден редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Партиите кои поднесоа кандидатури за предвремени избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар, денеска во ДИК со жрепка ги добија редните броеви под кои ќе се најдат нивните кандидати на гласачкото ливче. Предвремените […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Вести

Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит. – Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе одиме кон […]

Вести

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности. Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е […]

Интересно

Џенифер Лопез и Алекс Родригез во реклама за очила за сонце

Новопечените свршеници Џенифер Лопез и Алекс Родригез се поврзаа и во модниот свет, за новата кампања за очила за сонце на брендот Квеј Австралија. – Квеј Австралија е еден од моите омилени брендови откако ги […]

Интересно

Безжичните слушалки на Епл може да предизвикаат рак

Безжичните слушалки Ерподс на Епл, како и другите безжични додатоци на паметните уреди, може да предизвикаат рак, сметаат стручните лица од Универзитетот Беркли. Според д-р Џоел Московиц, тие технолошки уреди „комуницираат меѓу себе користејќи поле за […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*