Речиси 15.000 луѓе го слават Денот на младоста во Кумровец

На прославата на Денот на младоста, која 15-ти пат по ред се одржува во Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито, оваа година имаше повеќе луѓе отколку кога било досега. Според проценката на организаторите, на одбележувањето дошле 15.000 луѓе, додека во претходните години имало најмногу 10.000.

Како и во изминатите години, така и на оваа прослава, беше забрането да се вее исклучиво југословено знаме и да се носи униформа на ЈНА, додека сите други комунистички симболи, слободно можеа да се истакнат.

Сепак, неколку присутни носеа и знамиња на Југославија. Собирот помина без инциденти, а организаторите веруваат дека така ќе биде до крајот на денот.

Посетителите дојдоа од сите делови на Хрватска, но исто така и од Словенија и БиХ. Од изутринава пред куќата на Тито, се слушаа партизански и југословенски песни, а низ Кумровец, како и во претходните години, се прошета актер во униформа на маршалот, кој пушеше цигари и позираше како другарот Тито.

Во Кумровец денеска дојдоа и претставници на антифашистичките здруженија од сите земји на поранешна Југославија, но бројот на преживеани членови на Народноослободителната борба, од година во година се намалува.


Вести

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието вечерва ги разреши од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Министрите беа разрешени со мнозинство гласови. […]

Вести

Вкупно 12 повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Виена (ДПЛ)

Вкупно 12 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена, соопшти вечерва локалната полиција. По експлозијата се урнал дел од зградата, поради што останатите станари […]

Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]