Професорот на УЈИЕ, Вељанд Рамадани, во ТОП 4% најцитирани научници во светот


Професорот Вељанд Рамадани е рангиран во ТОП 4% најцитирани научници во светот за 2019 година во категоријата “Бизнис и менаџмент”. Резултатите се објавени во “Updated science-wide author databases of standardized citation indicators” (https://data.mendeley.com/datasets/btchxktzyw/2). Оваа листа се базира на податоците за цитати во 2019 година.



Д-р Вељанд Рамадани е редовен професор по претприемништво и семеен бизнис на Факултетот за бизнис и економија, Универзитет во Југоисточна Европа. Тој е автор или коавтор на околу 130 научни трудови, 11 универзитетски учебници и уредник на 16 научни книги. Според Google Scholar, неговите дела се цитирани околу 3.000 пати.