(Видео) Професорката Силјановска со својата борба за заштита на Уставот на Република Македонија го заслужува орденот на Република Македонија!


Професорката Гордана Силјановска – Давкова е редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот ” Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Имавме намера да ја претставиме целата нејзина биографија тука, на нашата страна, но кога ја видовме останавме без зборови. Тоа што она го има направено во својата кариера е толку обемно што одлучивме само да поставиме линк до официјалната страна на Универзитетот каде ја пишува нејзината биографија.


 

Следејќи ги нејзините изјави, гостувања и дебати на медиумите, можеме слободно без преувеличување да кажеме дека е најголемиот експерт по Уставно право во Македонија.

Дополнително, нејзината борба за заштита на Македонскиот Устав, нејзината принципелност и интегритет, освен што не воодушевува, ни дава верба дека ќе успееме да си ја заштитиме Републиката. Професорката докажа дека колку и да некоја ситуација е сериозна и тешка, не смееме да потклекнеме, туку мора да се бориме.

После синоќешното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма би сакале Професорката Силјановска да ја предложиме за наградата ” ОРДЕН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА “.

Овој орден се доделува на најистакнати личности кои имаат посебни заслуги во остварување на сувереноста и независноста на Република Македонија, кои придонеле за развивање и зацврстување на соработката и пријателските односи со други држави и придонеле за афирмирање на земјата во сите сфери на општествениот живот.

 

 

 

Погледнете ја целата емисија. Видете како треба сите да се бориме за нашата земја, Република Македонија.