Проф. Котлар: Пред 191 г., на 18 јануари е роден Григор Прличев (1830–1893) македонски преродбеник и поет


Пред 191 г., на 18 јануари е роден Григор Прличев (1830–1893) македонски преродбеник и поетот, овенчан со лаворов венец за најдобра поема во 1860 г., во грчката престолнина Атина. За овој прекрасен творечки и интелектуален гениј на македонскиот XIX век, има многу што да се напише, но во оваа прилика да се потсетиме на неговата необјавена песна „Охридскиот џган“ – која звучи неверојатно современо и актуелно, небаре го опишува целото наше општествено живеење!
„…Оној што целиот (град) го управува…
Изгледа дека е најлошиот и сега и порано,
И поголем пријател го смета оној
Кој место својата татковина…
…. ги поднесува срамните болни амбиции?
И секогаш ли во него ќе царува злото?
Секогаш ли ќе триумфира интригата и злосреќата?
Страдања, расцепи големи, расправии, групации?
И големи ползења и штетни ласкавости?
Ниски демагози, Садукејски банди?
Лудости и безумности!!!….
…На кој граѓанин срцето ќе остане незаинтересирано,
И на илјада парченца нема да се расцепи од жалост?
Место што требаше ним да им го свртиме грбот,
Без да гледаме со гостољубив поглед,
Место што требаше од куќите да ги изгонеме со дрво,
Како што готвачите го гонат кучето од кујната,
Ние ги запознавме со жената и сестрата ни,
И на тој начин ја употребуваат нашата скапоцена чест.
Не можам да ги разберам изворот и причините,
На ваквата општа парализа на Охрид…
…Несреќа! Царува кај сите морална расипаност,
И кај никого не постои ни најмала разлика.
Несреќа! Кај народот огромна неблагодарност…“