Пред да казниш или поштедиш, мораш во човекот да го видиш човекот


Поимот ‘морал’ потекнува од латинскиот збор ‘moris’ што значи обичај, правило на однесување на луѓето кон себе, кон другите луѓе кон светот. Моралот е збир на правила, норми, начела на човековото однесување во општеството и ги уредува односите во општеството и ги уредува меѓусебните односи на луѓето во заедницата, се вели во излагањето на проф. д-р Тодор Витларов во делот посветен на етиката кај судиите и обвинителите, кое го презентираше во рамките на настанот „Кривичноправни аспекти на корупцијата/Споредбена пракса на Хрватска и Европскиот суд за човекови права“.

akad 2

Секој човек го носи во себе моралниот закон кој е основа за неговиот карактер. Моралот е збир на правила, норми, начела на човековото однесување во општеството и ги уредува односите во општеството и ги уредува меѓусебните односи на луѓето во заедницата. Поимот ‘етика’, пак, потекнува од грчкиот збор ‘ethos’ што значи обичај, карактер чии извор и основа се моралните постапки и стремежи.

Термините ‘морал и етика’ често се употребуваат како синоними на иста содржина. Моралот е збир на општествени правила и практика на однесување меѓу луѓето, спонтано настанати во текот на историскиот развиток како резултат на подолготрајната употреба. Етиката е наука за моралот и моралното однесување кое се обидува да ги нормира моралните принципи и да го развива и да го усовршува моралот (преку етички кодекси).

Постои тенденција во светот за создавање на општоцивилизациски морални и етички норми, како на пример во повелбата на ООН, каде што се вели: „Ние, народите на ОН, решени сме да ја воспоставиме верата во основните права, во достоинството и вредноста на човековата личност“, или пак во Универзална декларација за човековите права, каде што се пропишува: „Признавањето на вроденото достоинство на сите членови на човековата заедница, а еднаквите и неотуѓиви права претставуваат камен темелник на слободата, правдата и општиот мир.“

Секое општество создава определен систем на морални норми и непишани правила на однесување, односно морални својства, како што се: вистинољубивоста, доброто, разумноста, умереноста, храброста, правичноста наспроти злото, неправдата, неумереноста, лагата.

slika

Правото како систем на норми пропишани од државата, заедно со нејзиното право на репресивна власт (јus puniendi), го воспоставува и го одржува општествениот поредок од неговото уривање, нарушување, спречува самоволие и самовластие и ги гарантира и ги заштитува човековите права.

Етиката и правото се неразделно поврзани и проткаени со морални вредности и стандарди како што се: слободата, еднаквоста, достоинството, мирот, безбедноста, правдата, почитувањето на човековите слободи и права.

Карактерот на правото е да пропишува, да наредува, а на моралот да убедува или, поинаку кажано, правото вели ‘мора’, а моралот вели ‘треба’.

Во многу случаи, етиката и правото имаат двоен, различен третман на определени прашања, како што се: еутаназијата, пометнувањето, смртната казна, слободата на изразување, заштита на приватноста.

foto akademik

„Човекот треба да биде вистинољубив, чесен, приспособлив, умерен, општо земено – морален“ – Платон.

Секој човек се раѓа слободен како човечко суштество, но цел живот се бори за своето достоинство и за своите права, понесен од своето слободољубие како светла страна на личноста. Но, неретко тој посегнува или ја повредува слободата и достоинството на друг човек, понесен од темната страна на својата личност – властољубие.

Кај оние личности кај коишто доминираат желбата и копнежот за почитување и признавање на другите, преовладуваат: самопожртвуваноста, великодушноста, моралноста, чесноста, отпорот кон неправдата и тиранијата, почитувањето на достоинството на другите, рамноправност и слобода за сите.

Кај оние личности кај кои доминира желбата за да бидат признати од другите со себеистакнување и владеење со другите, преовладуваат: својството за супериорност, доминацијата, славољубието, престижот, тиранско-конфликтното однесување. Во односите меѓу луѓето често се наткрилува власта, чија функција е да посредува и да одлучува во односите меѓу луѓето, како што е судско-обвинителската власт.

Со личните својства носителите на оваа функција, вообичаено, во потесната и пошироката средина се манифестираат како почитувана и угледна личност. Самата природа на оваа функција, која се занимава со прашањата на слободата и неслободата, човековите права, обврски и одговорности, имотот и добрата на граѓаните, вистината и лагата, оправдано и логички бара етиката да биде на врвот на скалилото на вредностите на секое општество.

???

„Пред да казниш или поштедиш, мораш во човекот да го видиш човекот“Гете.

Судијата и обвинителот, каде и да се, кога и да е, остваруваат единствена мисија – спроведување на правдата која, во политичко-правна смисла, изворот го има во Универзалната декларација за човековите права: „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинството и правата“.

М.В

извор: akademik.mk


Вести

Лицата со навршени 65 години, кои немаат 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија

– Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат години стаж што им фалат за да може да […]

Вести

Опозицијата бара во дебатата за законот за ЈО да се вклучат експерти и меѓународната едница

– ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на пладневниот состанок во Собранието за законот за јавно обвинителство. Од партијата велат дека ќе инсистираат на јавна расправа во која ќе биде вклучена експертската јавност и претставници на меѓународната заедница. […]

Вести

„Социетас Цивилис“: Повеќе сме чамец што го носи струја отколку што имаме весла и кормило во борбата против корупцијата

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донела голем број одлуки, меѓутоа истовремено и очекувано голем дел од нив се запрени односно не се најдени елементи на корупција, е заклучокот во првиот извештај за наодите […]