Поставена новогодишната елка во Рокфелер Центарот во Њујорк


Норвешка смрека долга 23,5 метри купена како фиданка пред 60 години вчера е поставена во Центарот Рокфелер во Њујорк како најава за претстојните Божиќни празници.

Керол Шулц ја купила садницата во 1959 година и ја чувала на маса. Таа го засадила дрвото во нејзиниот двор по Божиќната сезона и ја гледала како расте, јавуваат американските медиуми.

Шулц и нејзиниот партнер Ричард О’Донел во 2010 година на Интернет страницата на Центарот Рокфелер го „кандидирале“ дрвото и пред неколку месеци дознаа дека токму нивната смрека е избрана за најпознатата новогодишна елка на светот.

Дрвото беше пресечено во четвртокот и со кран натоварено на камион.

Церемонијата на палење на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември.

Ланската елка, исто така смрека од Норвешка, беше висока 23 метри и тежеше 17 тони.

Првата елка на Рокфелер е поставена во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собрале пари и купиле елка висока шест метри, која потоа ја украсиле.

Две години подоцна, Центарот Рокфелер одлучи тоа да стане традиција и првото официјално палење на светилките го одржа во 1933 година.

Вести

„Сакаме да дишеме“, марш за чист воздух во Скопје

Со транспаренти „Животот пластичен не е фантастичен”, „Правдата пред профитот”, „Сакаме да дишеме“, граѓаните на марш пред Владата им порачаа на надлежните дека треба да се грижат за чистиот воздух и здравјето, многу повеќе отколку […]

Вести

Ангел Димитров: Нема договор за Гоце Делчев

Тензиите кои постојат во нашата работа изминативе месеци не стивнуваат, вели Ангел Димитров, копретседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија […]

Вести

Инцидентот на Лондонски мост полицијата го третира како „поврзан со тероризам“

Британската полиција соопшти дека денешниот инцидент на Лондонскиот мост како „поврзан со тероризам“ и потврди дека застрелала еден маж. Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори, соопшти дека во инцидентот е убиено најмалку едно лице, […]