Посетителите на Водно револтирани поради лошата организација на јавниот превоз!


Мерките кои ги превзема Град Скопје за движењето на возила на Водно сеуште е актуелна тема во Скопје. Град Скопје никако да успее да се организира за да ги реализира своите идеи а при тоа посетителите на Водно да бидат задоволни.



Лошата организација на автобускиот превоз до средно Водно продолжи и по многуте реакции на посетителите во минатото. Овој пат револтиран посетител дури и отворено на facebook го изрази своето незадоволство од лошата организација на автобускиот превоз.

Еве што напиша:

“Ало Петре “Ќе” Гевара, со градов што праиме?

Имаме гости од странство, да ја посетат државата која со светлосна брзина оди напред. Одат на Водно со автобус, не изнајмуваат кола, него како повеќето туристи во светот користат јавен превоз. На сончев викенд пуштен е само по еден автобус на секој саат, алооо на секој саат! Еве на видеото ќе видите како изгледа враќањето од Водно денеска, а како бонус пробајте да се ставите во чевлите на човек кој поима нема од кирилично писмо и пробајте да го разберете возниот ред.

П.С. Во 2 претходни автобуса неможеле да се качат, во третиот некако успеале, горе доле 3 часа сунчање!”