Почитувањето на сообраќајната сигнализација не е право на избор!

„Без Изговори!“ 

Сите ние секојдневно и директно учествуваме и сме дел од сообраќајот. Сведочиме за голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот, непочитување на сообраќајните правила и прописи, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, ниско ниво на култура, етика, толеранција и ниско ниво на меѓусебно почитување кај учесниците во сообраќајот.

Ваквата состојба резултира со голем број сообраќајни незгоди и голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Фактот што загрижува е непочитување на поставената сообраќајна сигнализација. Ова постепено прераснува во секојдневна лоша навика, непишано правило за кое сите имаат свое лично оправдување и изговор. Лесно се заборава дека почитувањето на сообраќајната сигнализација, почитувањето на сообраќајните правила и прописи и почитувањето на сообраќајните знаци, не е право на избор, туку законска, морална и етичка одговорност на секој учесник во сообраќајот, без разлика дали учествува во сообраќајот како пешак, велосипедист, мотоциклист или како возач на моторно возило.

Анкетите на РСБСП покажуваат дека околу 50% од возачите, не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајните знаци се азбуката на сообраќајот, а сообраќајните правила се основниот начин за комуниукација и разбирање меѓу учесниците во сообраќајот. Секое непочитување на сообраќајните знаци, односно непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, значи  сообраќаен метеж, хаос во сообраќајот, сообраќајна незгода со материјална штета или незгода со загинати и повредени лица.

Учесниците во сообраќајот се должни да постапуваат во согласност со прописите и правилата што важат во сообраќајот, во согласност со сообраќајната сигнализација поставена на патот, во согласност со сообраќајните знаци и во согласност со наредбите што ги даваат полициските службеници.

Учесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со сообраќајни знаци.

Ова се основните одредби на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што треба да ги почитува секој учесник во сообраќајот, а гарантираат минимум прифатливо ниво на безбедност во сообраќајот.

Безбедноста во сообраќајот е сериозна работа и ниедна импровизација, изговор или оправдување не може да ги надомести последиците. Последиците од сообраќајните незгоди, пак, не дозволуваат таква „комоција“ и такво ноншалантно однесување за да не се почитуваат сообраќајните правила и сообраќајната сигнализација.

Затоа, РСБСП го повикува секој учесник во сообраќајот, да не бара изговори, објаснувања или  оправдувања бидејќи едноставно не постојат. Секој учесник во сообраќајот има право безбедно да се движи и има обврска да придонесува за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Без изговори! Без оправдувања! Максимално почитувај ја поставената сообраќајна сигнализација, секогаш и секаде! Биди одговорен учесник во сообраќајот!

Вести

Коцијанчич не сака да се меша во владеењето на правото во Република Македонија

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич уште еднаш повтори дека не може да коментира судски процедури кои се во тек и дека некои работи не се во надлежност на ЕУ. – Реагиравме, рековме дека се […]

Вести

Меј: Не сум „модерен Невил Чемберлен“

Британската премиерка Тереза Меј ги отфрли денеска обвинувањата дека претставува „модерен Невил Чемберлен“, премиер кој една година пред почетокот на Втората светска војна изјавувал дека обезбедил мир со Хитлерова Германија. Некои пратеници од Конзервативната партија […]

Вести

„Сите членови да доаѓаат пред Собрание“, „Сега е моментот” – смс пораки на рочиштето за „27 април“

Со изведување смс и вибер пораки меѓу учесниците на „крвавиот четврток” денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Рочиштето почна со читање […]

No Picture
Вести

Конзервативците собрале доволно потписи за недоверба на Меј, таа тврди дека ќе преброди

Британската премиерка Тереза Мај ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција поради нејзиниот договор за Брегзит, јави Би-Би-Си. – Ќе го пребродам тоа, рече таа И покрај неколкуте оставки на министри […]

Балкан

Бошњаци иселеници бараат на Брнабиќ да и се забрани влез во БиХ поради изјава за Сребреница

Негирање на геноцидот во Сребреница и искривување на судските факти за најголемото злосторство после холокаустот во Европа претставува намерен и организиран напад врз вистината и правдата, државата БиХ и жртвите, предупреди денеска Конгресот на Бошњаците […]

Вести

Дејвис: Парламентот ќе го отфрли договор на Меј за Брегзит

Поранешниот британски министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека Парламентот ќе го отфрли договорот за Брегзит, а премиерката Тереза Меј ќе мора повторно да го преразгледа. – Мислам дека договорот ќе биде отфрлен од страна […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Интересно

НАСА објави снимки од нов огромен глечер на Антарктикот

Парче мраз сo површинa oд oкoлу 220 километри квадратни, пред еден месец се одвои од глечерот Пајн Ајланд на Антарктикот, соопшти НАСА објавувајќи фотографија направена при движење над огромната ледена површина. Глечерот „трипати поголем од […]

Интересно

НАТО: Опрема што ја носи норвешки снајперист за да преживее (ВИДЕО)

What does a 🇳🇴Norwegian sniper carry with him so he can survive out in the ❄️cold for at least 7 days? #WeAreNATO #Norway #TridentJuncture pic.twitter.com/mRDGlHSLD1 — NATO (@NATO) November 14, 2018

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*