Пет години од впишувањето на орото „Копачка“ на листата на УНЕСКО


Здружението Фолклорна група „Копачка“  од делчевското село Драмче денеска ја одбележа петгодишнината од впишувањето на орото „Копачка“ на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.

Одбележувањето почна со посета на Спомен-собата на Дедо Митко, долгогодишнен ороводец на ФГ „Копачка“ кој живеел во Белчанското Маало во село Драмче, каде  првпат била изведена Копачката, а продолжи со дефиле на учесниците на настанот низ улиците во центарот на Делчево.

Централниот настан во Спомен-дом „АСНОМ“ го отвори градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој зборуваше за подвигот на играорците од ФГ „Копачка“ со кој успеаја да го однесат орото високо на светската листа на нематеријално културно наследство  на УНЕСКО.

-Фолклорната група се одржува веќе 71 година и понатаму промовирајки го она што е уникатно за нас и за овој крај. За „Копачката“ се пишуваше многу, се раскажуваше за нејзиниот пат од Драмче, преку европските и балканските сцени, па сѐ до УНЕСКО. Затоа, денес и играорците и нивните раководители и јас како градоначалник и Општина Делчево, како и Министерството за култура, сите заедно делувајќи секој од свој аспект, се стремиме кон повисоки вредности, а тие стремежи се насочени кон одржливост на орото, негово промовирање со што уште еднаш ќе докажеме дека тоа е живо оро, оро кое обединува стари и млади и кое е предизвик за играорците, истакна Трајковски.

Во рамки на настанот беше промовирана и збирката„Јубилеј 5 години-Копачката во УНЕСКО“ која ја промовираше секретарот на Здружението, Перса Стојановска.

-Оваа брошура е двојазична, на македонски и на англиски јазик, а ги опфаќа позначајните проекти реализирани од крајот на 2014 до октомври 2019, кои придонесуваат за одржливоста на орото „Копачката“ на Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на УНЕСКО. Во својство на раководител на проектите, одговорно тврдам дека со нивното реализирање и разновидните автивности, почнувајќи од истражувачката дејност на традиционални вредности, па издавачка дејност со содржини врзани за опстојот на „Копачката“, настапите на фестивали, манифестации во земјата и странство, организирањето семинари, концерти, јубилеи, заокружуваме период на успешно негување на нематеријалното културно наследство на Пијанец, а со тоа и на „Копачката, рече Стојановска.

Пред присутните се обрати и раководителот на ФГ, фолклористот, Димитар Узунски, кој животниот век го посвети на „Копачката“, а потврдата од УНЕСКО е всушност потврда за трудот и работата со играорците од Драмче и остварување на неговата животна цел да се заштитат чекорите на „Копачката“ со што се спасува од заборав една долга и уникатна ороводна традиција.

Јубилејот беше збогатен со настап на фолклорни друштва од источниот дел од државава, како и од соседна Бугарија.

Одлуката за впишување на  „Копачка“- соборско оро (машко и женско) од село Драмче од Пијанечки Регион, во престижната Репрезентативна листа на УНЕСКО за нематеријални културни наследства на човештвото беше донесена на 27 ноември 2014 година во Париз, на 18-та пленарна сесија на Меѓувладиниот комитетот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство.

Вести

Венецијанска комисија не го промени ставот за Законот за јазици

Венецијанската комисија во мислење усвоено денеска, ги повикува властите на Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Според соопштението, издадено по […]

Вести

Одбиено барањето за апанажа на Јанева во Собранието (ДПЛ)

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. Претседателот на Комисијата […]

Вести

Тројца мртви во нападот во воената база на Флорида (ДПЛ)

Три лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се убиени денеска во военопоморската база Пенсакола, во американската сојузна држава Флорида, јавуваат американските медиуми. Од канцеларијата на шерифот првично беше јавено дека во поморската база се уште […]