“Леб до секој дом” пекарата Мал Oдмор и порталот Опсервер во општествено одговорна акција


Поаѓајќи од желбата да помогнеме во оваа лоша ситуација, заедно со познатата пекара “Мал Одмор” се одлучивме на еден чекор кој ќе придонесе жителите на Скопје да имаат пристап до леб без да го напуштат својот дом и без да бидат изложени на ризик од зараза со корона вирусот. Бидејќи лебот е основна намирница во нашата исхрана, одлучивме да организираме бесплатна групна достава до Вашите згради.

Пекарата “Мал Одмор” има две локации, Лисиче и Карпош. Ќе овозможиме достава за реоните Лисиче, Аеродром, Карпош 1 и Карпош 2 во два термини 09ч и 17ч. 

Постојат два начини за нарачка, едниот е по телефон, а другиот е да направите вибер група по влез или неколку соседи каде ќе не додадете и ќе може да нарачате.

Со оглед на специфичноста на целата ситуација, нарачките треба да бидат од најмалку 20 леба (на пример можете да се организирате цел влез и да направите групна нарачка). Плаќањето се врши при достава. Бидејќи целта е групна достава, плаќањето и превземањето може да го изврши едно лице.

Доколку во стамбениот објект има лифт нашиот доставувач лебот ќе го достави поединоечно до секој стан.

Нарачки од пекарата во Карпош може да направите на 071243459 или на вибер на истиот број.

Нарачки од пекарата во Лисиче може да направите на 071303344 или на вибер на истиот број.

Целта на оваа акција е да помогнеме секое семејство да може да ги обезбеди своите потреби за леб со тоа што ќе избегнат турканиците и непријатностите во маркетите.

Цените на лебовите ќе бидат исти како и досега, а доставата ќе биде на наш трошок. 🙂

1. Бел леб со рецки – 20 денари

 

2. Чиабата – 20 денари

 

3. Интегрален леб со посип – 25 денари

 

4. Пченкарниот леб е 25 денари

 

 


Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]

Вести

Две лица починаа на Инфективната клиника, дијагностицирани 44 нови случаи, вкупно 329

– Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот […]