Откриено како била градена Кеопсовата пирамида

Археолозите дојдоа до научни сознанија кои укажуваат како биле градени Големите пирамиди во Гиза пред повеќе од 4.500 години.

Тие се едно од седумте светски чуда на древноста. Историчарите веруваат дека најголемата пирамида од овој грандиозен комплекс, е изградена во период од 20 години, за фараонот Кеопс кој е погребан во неа. Мистријата е – како Древните Египќани успеале да пренесат толку големи камени блокови со вкупна маса од шест милиони тони?

Собирањето 170.000 тони висококвалитетни варовнички камени блокови е најголемиот предизвик. Тие можеле да се донесат само од далечните рудници кај местото Тора. Никој не е сигурен како тие камења стигнале во Гиза, за толку кратко време.

Во документарен филм на британскиот Канал 4, под наслов „Големата египетска пирамида: Нови докази“, археолозите откриваат нови сознанија.

Според новата теорија Кеопс успеал во тоа благодарение на посебна флота бродови и високообучени морнари. Показател за сè тоа се штиците пронајдени 1954 година во јама близу темелите на Кеопсовата пирамида, за коишто сега се знае дека се од брод.

– Ова е огромно откритие, не само за Египет, туку за целиот свет. Според анализите, штиците се од 2600 година пред новата ера, што се поклопува со времето на пирамидата, па знаеме и дека бродот му припаѓал на фараонот Кеопс. Среќен сум што сум првиот човек кој го допрел ова дрво по повеќе од 4.000 години, изјави археологот Еиса Зидан, кој бил само надгледувач во новите проучувања.


Вести

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични […]

Вести

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти […]

Вести

Средба Пендаровски – Џафери во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба […]