Официјален текст на ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА БРАКОТ И СЕМЕЈСТВОТО


Тргнувајќи од бракот и семејството како животодавна и природна основа на човештвото и општеството;
Раководејќи се од членот 26 на Универзалната Декларација за човекови права на Обединетите Нации за примарното право на родителите за избор на видот на образованието што децата треба да го стекнат;
Загрижени поради обидите за редефинирање на бракот и семејството со агресивна пропаганда и идеологија, а се со цел измени на законската регулатива,
Граѓанско – верската платформа “Сојуз за Живот“ на мирниот семеен марш “Сведоштво за семејството“ одржан на 29 јуни 2019 ја утврди следната

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА БРАКОТ И СЕМЕЈСТВОТО

(1) Наша одговорност пред Бога, совеста и светоста на животот, а како граѓани и верници, е да ги сведочиме и браниме трајните морални вредности на човештвото и општеството, а тие вредности се: бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, семејството, верата, нацијата и државата.
Во духот на овие трајни морални вредности на човештвото и општеството бараме воспитание и образование на нашите деца и следните поколенија!

(2) Бараме државата да обезбеди услови за хармоничен развој на личноста на детето, во општество кое ги афирмира вредностите на бракот и семејството, детето да расте со љубов и разбирање од еден татко и една мајка како биолошки и законски родители или со законско родителско старателство.

(3) Бараме национална стратегија за заштита на бракот и семејството со социо – економски мерки и активности неопходни за нивно опстојување.

(4) Бараме национална демографска стратегија за поттикнување на наталитетот, хумана популациона политика и спречување на емиграцијата.

(5) Бараме заштита од трговија со луѓе и човечки органи и детска проституција и порнографија.
Потсетуваме и дека децата во утробите на своите мајки се личности и имаат свои права!

(6) Предупредуваме на сериозните последици по здравјето и животите на децата поттикнати од опасни интернет игри, чии жртви се ученици во основните училишта со последици депресија, самоповредување и бегање од дома заради извршување ризични наредби од сомнителни извори. Апелираме надлежните министерства, воспитно – образовните установи и родителите да ги преземат потребните мерки за забрана на овие игри на интернет, едукација за последиците од нив, редуцирање на употребата на интернет мрежите кај децата до забрана за употреба на мобилните телефони за време на наставата.

(7) Укажуваме дека малцинствата, меѓу нив и сексуалните, мора да ги почитуваат законите и моралните норми на мнозинството.
Правата и слободите на малцинствата не смеат да ги загрозуваат правата и слободите на мнозинството.

(8) Потсетуваме дека во Македонија се почитува приватноста на личноста, хомосексуалноста е декриминализирана, а сексуалната ориентација не е стигматизирана.

(9) Неприфатлив е секој облик на повреда на приватноста на сечиј личен и семеен живот, на достоинството и угледот. Неприфатлива е секоја повреда на слободата на личноста, очекувајќи заштита од надлежните за жртвите од дискриминација по било која основа.

(10) Неприфатливи се:
истополовите бракови, инцестот, полигамијата, педофилијата, некрофилијата и зоофилијата и иницијативите кои водат кон нивна легализација;
декриминализацијата на сексот меѓу децата и возрасните;
преименување на таткото и мајката со полово недефинирани родител еден и родител два;
и родовата идеологија во воспитанието и образованието на децата!

(11) Сметаме дека треба да биде озаконета забраната за посвојување на деца од истополови партнери или од партнери со оперативно променети полови.

(12) Бараме суспензија на секоја јавна промоција на сексуалната ориентација која е во спротивност со трајните морални вредности на човештвото и општеството, бидејќи истото не претставува демонстрација на правата и слободите на сексуалните малцинства, туку дискриминација на правата и слободите на мнозинството.

(13) Неприфатлива е секоја манифестација на сексуалните малцинства со која се врши повреда на чувствата, вознемирување и дискриминација кон верските заедници и нивните верници, како и кон моралните норми на мнозинството, во спротивност на демократијата и внатрешниот правен поредок на државата Македонија.
Неприфалтива е секоја демонстрација на говор на омраза, нетрпеливост и нетолеранција во спротивност со трајните морални вредности на човештвото и општеството.

(14) Ја поддржуваме секоја превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство, но ја отфрламе Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција од 2011 година поради родовата (џендер) идеологија со неконвенционалната дефиниција на машкиот и женскиот род, независно од биолошкиот машки и женски пол, што може да се менува според волјата на човекот. Машкиот пол е машки род, женскиот пол е женски род.

(15) Граѓаните на Македонија, кои се залагаат за традиционалниот брак и семејство, ќе гласаат во иднина за оние политички партии кои ќе ги прифатат и спроведат барањата од оваа Декларација, односно, истите ќе ги актуелизираат во своите изборни програми.

(16) По еден примерок од оваа Декларација се доставува до: Претседателот, Собрането и Владата на Република Македонија, верските заедници, политичките партии, здруженијата на граѓани и средствата за јавно информирање.

Потписници на Декларацијата се Здружанијата на граѓани, Движења и Хуманитарни организации кои во име на ЖИВОТОТ се усојузија во „СОЈУЗ ЗА ЖИВОТ“:

1. ТРАДИЦИОНАЛНО СЕМЕЈСТВО – Штип
2. „ДОДОМА“ Движење за организирана духовна обнова на Македонија – Скопје
3. СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС – Скопје
4. Х.О. „СВ. СПАС“ – Скопје
5. Х. О. „АГАПЕ“ – Скопје
6. Х. О. „“МАКЕДОНСКИ КАРИТАС“ – Скопје
7. Право на Живот – Скопје
8. Македонско Патриотско Суверенистичко Движење – Скопје
9. „МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА“ – Скопје
10. Х.О. „Одигитрија“ – Виница
11. Х. О. „Утешител“ – Битола
12. Центар за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ – Скопје
13. ИЗБЕРИ НОВ ЖИВОТ – Штип
14. Воскресение – Кочани
16. Мобилност – Кочани
17. Раст – Скопје
18. Светла визија – Штип
19. Инклузива – Куманово

 

Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]