Одбележана годишнината од убиството на петтемина струмички студенти

cvekje_5322423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти-Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јар,мов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, беше одбележана 72 годишнина од нивното убиство.







За животот и делото на петтемина студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници.

-Сонот на струмичките студенти заедно со нивната визија и желба за демократска, правна, економски просперитетна држава, каде правото и правдата се темел на секоја цивилизирана држава, заедно со нас политичките затвореници, ќе ја градиме демократијата, правото, слободата, самостојноста и независноста на Македонија. Нивната визија и цел заедно ќе ја преточиме во традиција, ќе помагаме, ќе се залагаме за правна, демократска и економски просперитетна, самостојна и суверена македонска држава, членка на ЕУ, но и членка на НАТО што во моментов сме и со посебен статус со САД и Велика Британија што беше идеа на петтемина студенти, истакна Андонов.

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти цвеќе положија членови на нивните семејства, членови на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија на граѓани и претставници на државни институции.

Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица читаа поетски колаж, а на гробиштата во Струмица беше одржана панахида.

Петтемина студенти се убиени на 13 август 1951 година на планината Беласица наводно во обид нелегално да ја поминат границата и да побегнат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK