Од заедничката историја со Бугарија: На денешен ден убиен Кузман Јосифовски – Питу


На ДЕНЕШЕН ДЕН
ГНАСНИОТ Бугарски Фашистички окупатор го УБИ – КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ

Кузман Јосифоски – Питу роден во Прилеп, 23 јуни 1915 година убиен во Скопје, 25 февруари 1944 година, од Гнасниот бугарскиот фашистички окупатор, македонски комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944).Бил прогласен за народен херој на Југославија на 2 август 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Мирче Ацев). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).

Студирал на Универзитетот во Белград каде бил еден од предводниците на напредната студентска младина. Станал член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО. Oд 1939 година бил испратен на партиска работа во Прилеп каде бил поставен за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим. Поради несогласување со политиката на Методија Шаторов – Шарло бил исклучен од Партијата. Бил говорник на Илинденската демонстрација (1940), на која била барана промена на режимот, национално-политички права, ослободување на Македонија и др. Од 1940 година член бил на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Во текот на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во населбата Буњаковец.

Во февруари му било кажано дека бугарската полиција дознала за неговата активност и тој морал да замине во партизани. Но, при обидот да го напушти Скопје, во Козле во близина на некогашната фабрика „Алумина“ бил убиен од гнасен бугарски Фашистички окупаторски војник.

Како што откриваат историчарите денес, постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ – Темпо до Тито во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување одржано на 2 август 1943 година, каде Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка борба со Македонците од Вардарска Македонија, за целосно ослободување и обединување на Македонија.

Во центарот на неговиот роден град Прилеп веднаш до Музејот на 11 октомври (поранешниот бугарски участок), постои негов споменик од мермер, а во Скопје постои споменик во студентскиот дом кој го носи неговото име, а има уште една спомен-плоча на Кузман Јосифовски-Питу, во дворот на бугарската амбасада.

Извори:
1. Народни хероји Југославије, „Младост“, Београд, 1975.
2. Блаже Ристески (уредник), Македонска енциклопедија (том I), МАНУ, 2009, Скопје.
3. Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, стр. 157-161
4. Кузман Јосифовски-Питу, Време–Живот–Дело (1915–1944), Зборник на прилози од научниот собир одржан во Прилеп, Скопје, 1995.
5. Киро Глигоров, „Македонија е сè што имаме“, Издавачки центар Три, Скопје, 2000.
6. Коце Солунски, Кузман Јосифовски-Питу: (живот, дело, време), Нова Македонија, Скопје, 1973.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]