О2 Иницијатива – Бараме надлежните да излезат на прес конференција и одговорат на сите прашања, меѓу кои и следните:


Сопственикот на Екоцентар 97 изјави „Ние не сме знаеле, граѓаните први осетиле, ние не сме присутни нон-стоп тука. Ние обавуваме одредени активности од време на време. Во меѓувреме се случил дефектот, ние не сме знаеле дека има дефект и граѓаните алармирале. Веднаш кога добивме сознанија излеговме на терен, но веќе беше случено тоа што се случи“.

🔻 Да бидат присутни само „од време на време“ и да не бидат одоговрни за ЦЕЛО време е скандалозно. Се работи за опасен отпад, кој претставува темпирана бомба за Скопје, ама тие не биле одговорни и не биле таму цело време, а при тоа го добиле тендерот од 2 милиони евра за отстранување на истиот. Да не обезбедат 24 часовен мониторинг на локацијата е недопустиво. Да нема мерни инструменти поставени на локацијата кои ќе вршат мониторинг на концентрациите на опасните супстанции е исто потполно несфатливо.

‼️ Самиот сопственик изјави дека резервоарите се стари со децении, кородирани, вентилот дотраен, значи свесен бил за високиот ризик на вакви резервоари и притоа го наполниле резервоарот со вода ДВА ДЕНА пред да се случи излевањето на 6 тони вода со метил акрилат, и го оставиле БЕЗ НИКАКОВ надзор! Скандалозно.

Не знаат точно кога се случило излевањето, зошто немало никој присутен. Сопственикот дава различни изјави, еднашка вели во тек на вечерта, ноќта претходниот ден, друг пат попладнето преходниот ден. Не се знае кога. 😠

Лабораторијата „АМБИКОН“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип пред една недела добиле судска наредба да вршат надзор над ДОКУМЕНТАЦИЈАТА и со тоа да следат дали правилно се пакува, складира и изнесува хемискиот отпад. Стечјаниот суд претходно во септември побарал од Институтот за хемија да вршат надзор во ОХИС, но од таму побарале 70,000 евра за тројца експерти, па судот не прифатил.

🔻 Одговори од типот сè е под контрола, нема концентрации на метил акрилат во воздухот, ТРИ ДЕНА ПОСЛЕ излевањето, за кое не се знае точно кога се случило и НЕМА мерења за концентрациите тогаш, се апсолутно недоволни.

📢 Бараме надлежните да излезат на прес конференција и одговорат на сите прашања, меѓу кои и следните:

🔴 Дали е извршен увид на граѓаните кои живеат во околината за последици од изложеноста на метил акрилатот? Дали е испитано дали некој има оштетување на видот како резултат, последици во респираторниот или нервниот систем?

🔴 Дали лицата кои работеле на локацијата биле постојано со заштитна опрема и маски?

🔴 Зошто инспекторите не реагирале на немање 24 часовен надзор на локацијата?

🔴 Дали се вршело постојано мерење на концентрациите на токсичните супстанции на локацијата?

🔴 Зошто стечајниот суд дури сега, после можеби 9 месеци наложува надзор, само на документацијата? Дали Лабораторијата „АМБИКОН“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е стручна за надзор над пакување, складирање и изнесување на хемиски, опасен отпад?

🔴 Како Екоцентар 97, правно лице кое НЕ поседува ДОЗВОЛА за собирање и за транспортирање на ОПАСЕН отпад, е избрана на тендер за собирање и за транспортирање на историскиот опасен отпад на Охис?

🔴 Зошто Државниот инспекторат за животна средина не реагирал согласно своите надлежности и утврди дали е склучен договор со правно лице кое поседува дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад?

🔴 Дали Екоцентар 97 изготвиле внатрешен план за вонредни состојби во законскиот рок? Дали го доставил до МЖСПП/ДИЖС и до градоначалникот на Кисела Вода и градоначалникот на град Скопје?

🔴 Дали општината Кисела Вода и град Скопје изготвиле надворешен план за вонредни состојби во законскиот рок? Дали го доставиле до МЖСПП/ДИЖС?

🔴 Дали градоначалникот на Кисела Вода и градоначалникот на град Скопје ѝ овозможиле на јавноста пристап до содржината на надворешниот и на внатрешниот план за вонредни состојби?

🔴 Дали Екоцентар 97 ги презел сите мерки неопходни за спречување на хавариите и за ограничување на нивните последици врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето? Дали за преземените мерки го известувале МЖСПП/ДИЖС?

🔴 Дали Екоцентар 97 доставувал навремено известување до МЖСПП/ДИЖС во врска со системите во кои се присутни опасните супстанции, каде и податоци за предвидените активности, детали на елементи во соседството? Дали ова известување го доставил и до градоначалникот на Кисела Вода и градоначалникот на град Скопје?

🔴 Дали Екоцентар 97 изготвил план за спречување на хаварии во законскиот рок?

🔴 Дали изготвил извештај за мерките за безбедност во законскиот рок? Дали го доставил до МЖСПП/ДИЖС и до градоначалникот на Кисела Вода и градоначалникот на град Скопје?

🔴 Дали МЖСПП му испратило заклучоци од своето испитување на извештајот за мерките за безбедност на Екоцентар 97? Дали МЖСПП претходно добило мислење од органите на државна управа надлежни за работите од областа на заштита и спасување, здравство, трудот, економијата и внатрешните работи?
Дали извештајот за мерките за безбедност бил достапен на јавноста?

🔴 Дали Екоцентар 97 за предвидените активности и мерките за безбедност, за начинот на постапување во случај на хаварија ги информирале лицата на кои би влијаела хаваријата предизвикана од системот? Дали овие информации ѝ биле достапни на јавноста?

🔴 Кои се казните со кои Екоцентар 97 и лицето кое е одговорно за спроведувањето на обврските за спречување и за контрола на хавариите во системот, се соочуваат?

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]

Вести

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

 Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември. На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше […]

Вести

Едно обвинение помалку за Груевски, „Траекторија“ му застаре

Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и […]