Научниците открија нова комета


Научниците откриле нова комета за која сметаат дека доаѓа од просторот надвор од нашиот Сончев систем и дека е меѓуѕвезден посетител.

Новоткриената комета се движи кон орбитата на Марс. Се проценува дека има пречник од околу 16 километри.

Кометата, како „меѓуѕвезден посетител“, се најде во соседството, а нејзината траекторија ја утврди астрономот Генадиј Борисов.

Линијата на движење „на далечниот гостин“ е многу искривена,  а брзината и е необично голема, што е уште еден доказ дека кометата потекнува надвор од просторот на Сончевиот систем.

На својот пат, се очекува, таа целосно да ја заобиколи Земјата. Научниците предвидуваат дека дури следната година таа да биде видлива со професионални телескопи.

Брзината на кометата се проценува на околу 150.000 километри на час. Во моментов таа од Сонцето е оддалечена околу 42 милиони километри.

Веста за новата комета ја потврдија и од НАСА и од Европската вселенска агенција, од каде најавуваат дека се уште собираат информаици за неа.

Вести

Институт „Крсте Мисирков“: Прашањето за македонскиот јазик е апсолвирано, негирањето е свесна провокација

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо. Во реакцијата Институтот […]

Вести

Максим Ацевски избран за главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. […]

Вести

Следното рочиште за „Монструм“ закажано за 19 декември

Во Кривичниот суд во Скопје, на денешното рочиште за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, се читаше документација од извршениот увид за случајот. Во документација беа посочени сите детали како бил спроведен увидот […]