Насилни протести во Албанија поради поставување на патарини на автопатот Косово – Албанија (ФОТО + ВИДЕО)


Во близина на тунелот Калимаш во Албанија, на автопатот Косово – Албанија, по поставувањето на патарини започнаa протести од месното население. Меѓутоа Албанија мора да ги постави овие патарини поради тоа што долгот кон американски Бехтел кој го градеше автопатот е енормно голем.


 

Со тек на време ситуацијата ескалираше и демонстрантите се судрија со полициските сили. При овој судир новоизградените патарини беа уништени и запалени. Иако имаше полиција, нејзината бројност не беше доволна да ја стопира толпата.

Премиерот на Албанија, Еди Рама реагираше на овие случувања и предупреди дека демонстрантите ќе одговараат за стореното:


“Варварското насилство врз заедничката сопственост и насилната реакција на спроведувањето на законот во Кукс ќе го добијат заслужениот одговор со сета сила на законот над секој кој ја подигна раката на беззаконието! Тие ги забораваат сторителите на нивната инспирација дека можат да го надминат законот! “, 

Погледнете ја галеријата и видеото кои беа снимени на лице место:

kosovo alb (19)
kosovo alb (18)
kosovo alb (17)
kosovo alb (16)
kosovo alb (15)
kosovo alb (14)
kosovo alb (13)
kosovo alb (12)
kosovo alb (11)
kosovo alb (10)
kosovo alb (9)
kosovo alb (8)
kosovo alb (7)
kosovo alb (6)
kosovo alb (5)
kosovo alb (4)
kosovo alb (3)
kosovo alb (2)
kosovo alb (1)