Наоди од гроб на воин од Македонската аристократија од некрополата кај селото Аларе (Архонтико)


Наоди од гроб на воин од Македонската аристократија од некрополата кај селото Аларе (Архонтико) во близина на древната македонска престолнина Пела. Воинот е погребан со полна воена опрема: шлем од пајонски тип со златна маска, копје, меч од типот ксифос, поголем нож и бронзен кружен штит; а како прилог му се ставени црнофигурален киликс, бронзен котон, скифос и два арибалоси. Гробот е датиран околу 520-500 година пред Христа. Големата некропола кај Аларе се наоѓа 5 км западно од Пела и зафаќа површина од 20 хектари. На оваа некропола има околу 80 погребувања на воини припадници на Македонската аристократија погребани со полна воена опрема и заедно со нивните сопруги. Инаку кај Аларе има откриено вкупно 1,004 гробови, 259 од доцното железно време, 475 од архајскиот период и 262 од македонскиот период.


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]