Надополни и играј за iPhone SE 20


Наградна игра за при-пејд корисници на А1 Македонија

А1 Македонија продолжува со летните изненадувања, овојпат за своите при-пејд корисници, кои со секое надополнување на кредит на својата при-пејд сметка во периодот од 6ти јули до 13ти септември, добиваат можност да учествуваат во наградната игра „Надополни и играј за iPhone SE 20” со што стануваат потенцијални добитници на iPhone SE 20.

Наградната игра започнува денеска, a во десет неделни извлекувања ќе бидат доделени 20 смарфони iPhone SE 20, односно по два на секое извлекување. Еден циклус трае една седмица, односно започнува во понеделник и трае до недела до полноќ и сите кои во тој период ќе надополнат кредит на својата при-пејд сметка влегуваат во неделните циклуси за извлекување за смарфон. Корисниците на при-пејд услуги можат да надополнат кредит електронски, со хартиени ваучери, преку пост-пејд сметка на при-пејд сметка, преку банкомат или PayNet, но независно кој канал за надополнување ќе го изберат, со минимално надополнување од 100 денари стануваат учесници во наградната игра. Колку е поголем износот на надополнување на кредит на при-пејд сметката, толку се поголеми шансите за освојување награда. Еден денар претставува една можост во извлекувањето, со надополнување од 300 денари, корисникот се појавува 300 пати во извлекувањето.

Право на учество имаат сите лица кои се над 18 години и кои користат една од тарифните модели на при-пејд услугите на А1 Македонија. Сите корисници кои ги исполнуваат условите за учество во наградната игра со секое надополнување стануваат потенцијални добитници и земаат учество во неделните извлекувања за iPhone SE 20.

Добитниците на  iPhone SE 20 ќе уживаат во перформансите кои ги нуди овој смарфон, па летните авантури ќе можат да ги забележат со камера од 12MP и видеа во 4K резолуција спакувани во и 64GB внатрешна меморија.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*