На МАЗУТ останува и оваа сезона студентскиот дом Кузман во Центар – O2


🔻 На МАЗУТ останува и оваа сезона студентскиот дом Кузман во Центар, да ставиме крај на дилемите, ако воопшто некој уште ги има. Ништо не е направено. Допрва јавни набавки, ти реков ми рече. Од БЕГ не можеше да се добие нормална информација, до каде е проектот, што е кочницата, зошто до сега не е завршено и сл., само суво и кратко дека од нивна страна сите преземени обврски за приклучување на студентскиот дом Кузман се завршени.
Од директорот на студентскиот дом добивме одговор дека добиените проекти (за линиска инфраструктура за изградба на приклучен вреловод, за изградба на нова топлинска станица во студентскиот дом и санитарна топла вода и технолошка пареа) од БЕГ се на ревизија. Штом заврши ревизијата, ќе се распише јавен повик за избор на надзор и фирма изведувач. Допрва процесот ќе започне.
Значи Кузман и ОВАА грејна сеозна ќе си биде на МАЗУТ.

🔻 На МАЗУТ останува и оваа сезона болницата Мајка Тереза, гинекологија во Чаир, за која минатата зима беше најавена гасификација.

Министерството за здравство во годишниот план за јавни набавки планирало во февруари да се распише тендер за изработка на ревизија на основен проект за нова котлара, во март за изведба на котларата и за стручен надзор над изведбата, а во јули за набавка на гас.
Тендерот од февруари го поништиле зошто тендерската документација содржела битни пропусти или недостатоци. Дури во јули повторно објавиле нов, но склучен договор нема. Не објавиле тендер за изработка на ревизија на основниот проект за котларата како што било предвидено, а изминатиов месец објавиле понуда за набавка на гас за достава од април 2020 натаму.

🔻 На НАФТА останува и оваа сезона општата болница во Струмица која беше исто најавена дека ќе се гасифицира во нели гасифицирната ни Струмица, па нели средства се пренаменија од неисполнетите активности од Програмата за намалување на аерозагадување во 2019 за таа цела. Ни јавна набавка, ни бутур, ниту пак во нечиј годишен план е за оваа година. Она што е планирано од болницата е набавка на екстра лесно масло за домаќинства во ноември.

🔻 На МАЗУТ останува и оваа сезона општата болница во Куманово, за која исто беше најавена дека ќе се гасифицира во градот каде оддамна гасоводот поминува. Ништо не е направено, во ниту еден годишен план не е влезено, а болницата на 6 септември објавила јавна набавка за 100.000 кг МАЗУТ, дел од нивниот годишен план.

Толку од плановите, ветувањата и извршувањето.
Значи неспособни сте и крај.

Бизнис

Протест и почеток на штрајк на вработените во прилепски „Еурокомпозит“

Шеесетината вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ повторно се собраа на протест пред фабриката, прекинувајќи ја работата и барајќи си ги своите права. Тие велат дека сѐ уште не ги зеле сите плати за повеќе […]

Вести

Уставните судии утре на колегиум ќе дискутираат за иницијативата по членот 353, став 5 од КЗ

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати за утре закажал колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираат по иницијативата за членот 353, став 5 од Кривичниот законик, а која се однесува за злоупотреба на службената […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат половина денар

Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај  дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари за литар, Еуросупер […]