На денешен ден 19 јуни 1913 година (пред 106 години), започна Тиквешкото востание против српскиот окупатор


НА ДЕНЕШЕН ДЕН 19 јуни 1913 година( пред 106 години), започна Тиквешкото востание како израз на револт против насилствата, теророт, убиствата и силувањата што ги извршија српските воено-административни власти врз населението во Тиквешијата во време на интерегрумот помеѓу Првата и Втора балканска војна. Востанието започнало со пукање врз чиновниците, офицерите, жандармите и другите претставници на српската власт во Кавадарци. За кратко време биле ослободени Кавадарци, Неготино, Ваташа, Криволак и уште 50-сетина населени места во Тиквеш. Востаниците имале свој штаб кој го сочинувале војводи и револуционери од времето на Илинденското востание. На востаниците им пристапиле и четите на Васил Чакаларов, Петар Чаулев, Милан Ѓурлуков, Христо Чернопеев, Ѓакон Евсатиј и др. и нивниот број изнесувал повеќе од 1000 борци. Во Кавадарци било симнато српското знаме и било поставено Револуционерното тиквешко знаме од 1903 година на кое пишувало “Слобода или смрт“, а под него “Тиквешки револуционерен округ“. По 7 дена, на 25 јуни голема српска војска предводена од Василие Трбиќ, а во чиј сосстав имало и неколку башибозучки дружини како на Јаја Ага Малиќ, Јован Долгачот, Јован Бабунски и др. Успеале по големи борби да ги потиснат востаниците од Кавадарци, Неготино, Ваташа, а овие заедно со голем збег од народ морале да се повлечат кон селата под планината Кожув. Српските воени власти жестоко се справиле со населението, биле убиени 545 луѓе според извештајот на Карнегиевата комисија, 1000 куќи и дуќани биле запалени, 2700 луѓе биле затворени, а повеќе од 10000 биле приморани да ги напуштат своите домови и да емигрираат во Бугарија. Најмогу жртви имало во Неготино-117, Бохула-44, Ваташа-37, Кавадарци-25, Прждево 35 итн. Тиквешкото востание и последиците од него претставуваат најголениот злостор врз народот од овој крај во поновата историја на Тиквешијата.

Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]