Музејот од Свети Николе се подготвува за големата изложба „Билазора“

Општинската установа Народен музеј Свети Николе се подготвува за големата изложба на артефакти од локалитетот Градиште во село Кнежје.

Директорот на Народен музеј на Свети Николе Александар Данев за МИА појаснува дека ова е резултат на континуирани систематски археолошки истражувањa од 2008 до 2018 година. Изложбата е насловена „Билазора“, постојана поставка, а нејзиното свечено отворање е в петок во 20 часот.

– Истражувањата се организирани од Народен музеј Свети Николе во соработка со TFAHR-USA, фондација за археолошки и историски  истражувања и Институтот за  археологија и историја на уметност при Филозофскиот факултет. Локалитетот се простира на околу 30 хектари и се наоѓа на четири километри западно од Свети Николе. Градот Билазора опстојува од 7-2 век п.н.е., а најголем подем доживува во 5 и 4 век п.н.е. и се развивал во четири последователни фази, вели Данев.

Тој истакна дека артефактите што може да ги види публиката се наоѓаат во состав на постојаната поставка, се плод на систематските археолошки истражувања и потекнуваат од акрополот Билазора, односно пропилонот и владетелскита палата, кои датираат од 5 и 4 век п.н.е.

– Се работи за репрезентативни примероци на пајонска керамика, предмети од метал, нумизматика, и камена пластика. Посебно место зазема диорамата, односно макетата на самиот локалитет во размер 1:100 и се однесува на досега истражениот дел каде е претставен акрополот, вели Данев.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за култура, Народен музеј на Свети Николе, како и со поддршка на фирми и организации и Општина Свети Николе, а е заокружен со делото на академскиот вајар Димче Димески – автор на диорамата.

Вести

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела […]

Вести

Сириската војска влезе во Рака и поставува набљудувачки места

Група сириски војници влезе во градот Рака и започна со поставување набљудувачки места, објавија локалните медиуми. Веста дојде само неколку дена откако курдските сили, кои го зазедоа градот од Исламската држава, склучија договор со сириската […]

Вести

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште. За следното рочиште повикан е како […]