Македонски ХЕРОИ: Во акцијата за заземање на Арачиново загинуваат тројца бранители кај гробиштата во Брњарци


…во акцијата за заземување на Арачиново загинуваат тројца бранители кај гробиштата во Брњарци. Пет дена подоцна подлегнува припадник на ЕСЗ Тигар на повредите кој ги здобил на 23.06.2001. Битката за ова скопско село почна на денешен ден, а заврши неславно три дена подоцна. Да се потсетиме сите на овие македонски јуначишта. Загинатите Бранители се:

– АТАНАС ЈАНЕВ (†25) од Струмица. Атанас секогаш си ја сакаше земјата, и голема чест му беше да ја одбрани татковината. При секое минување на градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Гоце Делчев војводата, не претпоставувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Оставајќи ја бремената жена, отиде да ја брани Македонија, неговата фамилија а и неговиот нероден син, кој денес го носи неговото име. Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги во село Арачиново.

– НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ (†25) од Берово. Со посебно чувство и одговорност за судбината и иднината на својата земја, во рововите крај Арачиново од каде што Скопје, главниот град се гледа како на дланка, минуваа деновите на полицаецот Никола. Тој веднаш после неговата свадба го прекинува одморот и доброволно се враќа во единицата, велејќи самиот дека „Неможе едни да се борат а други да уживаат. Одам да ја одбранам Македонија“. Не ја дочека својата ќерка, посмртче. Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги во село Арачиново.

– АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ (†30) од Аеродром, Скопје. На работното место во полициска станица во Аеродром неговиот збор, совет и искуство со респект се слушаа, уважуваа и почитуваа. Со личен пример покажуваше како се извршува поставената задача. Кога беше тешко и неизвесно, беше во Арачиново. Света должност му беше да ја одбрани својата земја, да му гарантира безбедна иднина на неговиот едногодишен син Мартин. Загинува исто како неговите колеги јуначки во нерамна битка во село Арачиново

 

 

Вести

Венецијанска комисија не го промени ставот за Законот за јазици

Венецијанската комисија во мислење усвоено денеска, ги повикува властите на Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Според соопштението, издадено по […]

Вести

Одбиено барањето за апанажа на Јанева во Собранието

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. Претседателот на Комисијата […]

Вести

Меркел го посети Аушвиц: Ова човечкиот ум не може да го сфати

Германската канцеларка Ангела Меркел, за првпат во својот 14-годишен мандат на чело на германската Влада, денеска го посети поранешниот концентрационен логор на Третиот рајх во Аушвиц, и истакна дека тоа што се случило во Аушвиц […]