LISCA советува: Откријте ги летните тајни за совршен костим за капење


Секоја жена сама по себе е тајна. Секоја крие по нешто во себе, мистериозен  поглед или пак занесна насмевка која никого не остава рамнодушен. И секоја знае по некоја тајна, а LISCA ја знае совршената тајна за сите жени кои што сакаат да изгледаат совршено во совршени костими за капење. Бидејќи секој облик на тело не соодветствува со секој костим за капење, многу често жената се соочува со стресни моменти додека го бира нејзиниот совршен костим.

Овде е LISCA да ги открие тајните на совршените костими за капење за различните облици на женско тело, кои несомнено се совршени какви и да се. Време е за избор на совршен LISCA костим за капење што совршено може да го следи вашиот облик на тело и се полн погодок за подигнување на самодовербата.

Истакнете ја половината

Доколку имате рамна линија на тело и сакате да ја нагласите половината, можете да го направите тоа со комбинација на бои и модели. LISCA советува да одберете модели кај кои е особено изразена половината, а горниот и долниот дел на костимот за капење значително се разликуваат. Најголем впечаток може да постигнете со едноделните костими за капење.

Нагласете го деколтето

За да го нагласите деколтето и да предизвикате восхит на плажите, LISCA советува секогаш да одбирате горен дел на костимот за капење со push up ефект. Визуелно, градите ќе бидат поголеми и попривлечни во костими за капење кои  имаат набори, многу детали и впечатливи бои.

Издолжете ја линијата

За да ја издолжите линијата на вашето тело, LISCA советува да одберете едноделен костим за капење кој по средината или од страна има детал кој што ја продолжува и нагласува линијата. Тоа можат да бидат линии, еднобојни детали или цветни мотиви.  Вашето тело визуелно ќе се издолжи, а воедно ќе бидете елегантни во костимите за капење на LISCA.

Намалете ги широките раменици

Имате широки раменици? Во тој случај, LISCA советува да изберете модел кој што се врзува околу врат за да се добиете изглед на помали раменици, а за да биде впечатокот поголем, одберете горен дел од костимот за капење со push up ефект.

Ублажете ја триаголната градба

Доколку имате широки раменици, а вашите колкови се потесни, LISCA советува да одберете од костимите за капење кои што се врзуваат околу врат, со што ќе ја ублажат ширината на вашите раменици. Можете исто така да одберете модели кои што содржат детали кои го истакнуваат долниот дел на телото или половината. На пример, одберете модел со panty гаќички кои ќе ја прошират вашата фигура токму во пределот на колковите и визуелно ќе ја направат складна вашата линија.

Каде и да се појавите во LISCA костимите за капење ќе оставите оригинален печат и елеганција.

За повеќе информации, посетете ја официјалната страница на LISCA, https://www.lisca.mk/. Разгледајте ја целата колекција и пронајдете го вашиот совршен LISCA костим за капење по намалени цени.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*