Лиценцираните таксисти ќе се означуваат со жолти табли и еколошки налепници

На лиценцираните такси автомобили задолжително ќе се поставуваат жолти табли со што граѓаните ќе ги разликуваат од нелегалните превозници и сите ќе бидат означени и со еколошка налепница за степенот на емисијата на штетни гасови што ќе ја покажува и зоната во која ќе можат да се движат. Тоа се предвидува со новиот Предлог закон за возила, што денеска ги претставија министрите за внатрешни работи и за економија, Оливер Спасовски и Крешник Бектеши, со претставници на Здружението на таксисти.

Целта е средување на состојбите во такси превозот со сузбивање на нелиценцираните таксисти и поголема безбедност на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Со законските новини се укинува и налепницата при регистрација на ветробранското стакло на возилата, која што чинеше по едно евро, но, како што забележа, Спасовски, немаше улога затоа задолжително мора да биде контролирана сообраќајната дозвола.

– За нас беше многу важно да се регулира автотаксипревозот бидејќи со непреземање соодветни мерки во изминатите години се доведувавме како држава во ситуација нелегалните таксисти да иамат предност пред легалните. Тоа беше причина зошто  во најголем дел од градовите во Македонија се повеќе растеше бројот на нелегални таксисти на сметка на легалните кои ги плаќаат сите давачки. Од друга страна надзорот беше оставен само на општините преку инспекторатите за сообраќајот. Затоа со Здружението на таксисте донесовме низа мерки за поголема контрола во делот на инспекцискиот надзор кој ќе може да го врши и полицијата, рече Спасовски.

Тој рече дека сега не се знае кои возила колкава штета предизвикуваат со издувните гасови  поради што со налепниците ќе се зголемат обврските и одговорноста на центрите за технички прегледи за да прават детални анализи.

– Врз основа на тоа секое од возилото ќе добие налепница. Тој што емитува најмногу штетни гасови ќе има црвена налепница, тие со помал обем на штетни гасови жолта, а оние коишто се  во рамки на нормалното ниво со зелена. Тоа не значи дека дефинитивно старите возила ќе имаат црвени налепници, а новите зелени затоа што постојат разлики во зависност од возилата, рече Спасовски, појаснувајќи дека општините и град Скопје ќе носат одлука  дали во одредено подрачје врз основа на нивна сообраќајна студија  тие возила не треба да се движат во одреден временски период.

Според претседателот на Здружението на таксисти Абдула Рушити, новините ќе предизвикаат трошоци за таксистите, но, како што потенцираше ќе бидат минорни во однос на штетите што ги трпат од работата на дивите превозници во овој сектор.

– Прифатено е нашето барање. Ова ќе биде многу добро и за таксистите и за граѓаните да можат да се  качат слободно и да нема проблеми, изјави  Рушити, информирајќи дека за 45 од 53-те такси компании во нивното Здружение е прифатливо да се воведат жолти табли со кои ќе се препознаваат таксистите.

Законот е на Предлог на Министерството за економија, кое како што укажа ресорниот министер Крешник Бектеши, предвидува и усвојување програма за субвенционирање на граѓаните и правните лица кои ќе набават  електрични и хибридни автомобили, како и за оние кои ќе постават уреди на плин или метан. 

Вести

Ново привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, привремено ќе биде затворен регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави […]

Балкан

Турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој патувал Ципрас

За време на патувањето на премиерот на Грција, Алексис Ципрас кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го […]

Вести

Утврден редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Партиите кои поднесоа кандидатури за предвремени избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар, денеска во ДИК со жрепка ги добија редните броеви под кои ќе се најдат нивните кандидати на гласачкото ливче. Предвремените […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Вести

Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит. – Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе одиме кон […]

Вести

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности. Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е […]

Интересно

Џенифер Лопез и Алекс Родригез во реклама за очила за сонце

Новопечените свршеници Џенифер Лопез и Алекс Родригез се поврзаа и во модниот свет, за новата кампања за очила за сонце на брендот Квеј Австралија. – Квеј Австралија е еден од моите омилени брендови откако ги […]

Интересно

Безжичните слушалки на Епл може да предизвикаат рак

Безжичните слушалки Ерподс на Епл, како и другите безжични додатоци на паметните уреди, може да предизвикаат рак, сметаат стручните лица од Универзитетот Беркли. Според д-р Џоел Московиц, тие технолошки уреди „комуницираат меѓу себе користејќи поле за […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*