Лесновската црна дудинка прогласена за природна реткост


Црната дудинка (Morus nigra L.) која се наоѓа во дворното место на манастирот “Свети Гаврил Лесновски” во Лесново, Општина Пробиштип со решение од Министерството за животна средина е прогласена за природна реткост.

Лесновската дудинка е стара над шестстотини години, со неа се поврзуваат голем број легенди поврзани со лековитоста на нејзините плодови. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека  дудинката е неразделен дел од Лесновскиот манастир и претставува едно од значајните обележја на манастирот, што ја става на исти ранг со прочуениот Охридски Чинар.

Ова е прв случај, Пробиштип да добие вакво признание во делот на природата, прогласување на природна реткост. Ваквите природни реткости се од искличително значење за заедницата, за развојот на туризмот и промоција.Добивањето на ваков посебен статус, претставува само мотив плус за локалната самоуправа да продолжи и понатаму во заложбите околу заштитата на природното наследство, вели Анастасов.

Тој додава дека следен чекор е  конзервација односно преземање на мерки за заштита на оваа исклучителна природна реткост, како и чекори за промоција на црната дудинка.

Вести

Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците. Скопскиот […]

Вести

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.   Европската комисија побарала од Европската агенција за […]

Вести

Се иницира нов закон за легализација на дивоградби

Владата денеска на седница усвои Информација за потребата од донесување нов закон за утврдување правен статус на бесправни објекти и го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена да достави Предлог […]