Конечно можеме да се пофалиме со домашен спортски бренд по светски стандарди


HONEY BADGER е прв македонски спортски бренд кој е создаден да ги инспирира најхрабрите и најупорните. Станува збор за бренд кој е со 100% македонско производство и кој ги поместува предрасудите за македонските производи посебно во текстилната индустрија. Приказната за Honey Badger започнува во 2018 година, од страна на двајца млади и инспиративни луѓе, Антонио и Чеде Петрушевски. Создаден од 100% домашен капитал, водени од нивната љубов кон спортот и здравиот начин на живот, Honey Badger покрај бренд, има за цел да започне движење кое ќе ги обедини сите кои преферираат здрав, динамичен и спортски начин на живот и сакаат да носат спортска облека со врвен квалитет.


 

“Honey Badger e модерен бренд кој се труди да ги следи светските трендови со сопствен модел на онлајн трговија. Започнавме скромно, но нашите цели се големи. Визијата на тимот од HONEY BADGER е брендот да се изгради во успешна интернационална компанија која со своите иновации во производството на спортска опрема ќе предничи пред конкурентите во светот каде што спортскиот стил и здравиот начин на живот се повеќе е во тренд. Развиваме продукти со врвен квалитет кои ги следат нашите принципи: уникатнос, посветеност и страст“  – изјавија основачите на брендот.

Името HONEY BADGER доаѓа од истоименото животно кое е синоним за бестрашност, пожртвуваност и храброст, кои всушност се посакуваните карактеристики на спортистите и луѓето кои што се занимаваат со спорт.

Покрај спортска гардероба, македонскиот бренд Honey Badger има и сопствено производство на опрема за вежбање, а досега имаат создадено 3 основни справи за вежбање. Доказ за квалитетот кој што се крие позади брендот е соработката со неколку влијателни спортисти на македонската спортска сцена кои можете да ги погледнете на инстаграм профилот @honeybadger.mk.

Како што кажавме погоре, целите на основачите се големи. И покрај тоа што се соочуваме со големи предизвици кои ни ги носи пандемијата, тие не застануваат и покажуваат како вистински се гради бренд. Оваа година ќе се отвори и првата физичка продавница која ќе биде и showroom каде што клубовите, спортистите, организаторите на трки како и сите рекреативци ќе може да  одберат материјал и боја по сопствен вкус со кој ќе се изработуваат дресови и репрезентаривна облека.

Еден од најбараните производи на брендот се нивните тренерки. Пред брзо време тие ги лансираа своите нови модели кои се веќе достапни за пред-нарачки на нивната онлајн продавница на https://www.honeybadger.mk/. Се што треба е само да ги резервирате и да ги очекувате на Вашата врата. Станува збор за тренерки од исклучително мек и квалитетен памучен материјал кои се достапни и за мажи и за жени.

Honey Badger е една навистина инспиративна приказна која што ги поместува границите во спортскиот стил. Конечно можеме да се пофалиме дека и ние имаме домашен спортски бренд по светски стандарди, а неговото развивање допрва доаѓа.