Кампања за поддршка на СОС Детско село „СОС суперхерој“


 СОС Детско село во наредните три месеци ќе спроведе кампања „СОС суперхерој“. Во рамки на кампањата, која ќе се води пред се на социјалните мрежи, претставници на СОС Детско село,  секој вторник, четврток и сабота од 18:00 до 20:00 часот ќе бидат присутни во Синеплекс во Сити мол, каде граѓаните ќе имаат можност да дознаат повеќе за оваа организација која згрижува деца без родители и родителска грижа и да донираат. Заинтересираните граѓани можат да донираат и online преку веб страницата на СОС Детско село.

-Кампањата ќе трае три месеци, во кои ќе може да се докаже македонската хуманост, хуманоста на овој народ, за која се прикажува нашироко а ќе можете да ги покажете и докажете и Вие своите Супер моќи. „Суперхерој сте за луѓето околу себе и за оние на кои најмногу сте им потребни. Суперхерој сте доколку давате позитивен пример, доколку помагате… Затоа, ние од СОС Детско село, повикуваме: Бидете и Вие, биди и ТИ СОС Суперхерој! Тоа е нашата водилка, нашата идеја во најновата кампања на СОС Детско село – „СОС Суперхерој“, се вели во соопштението од СОС „Детско село“

Стремежот на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“ може да стане реалност само со помош на добрите луѓе, на оние кои веруваат во работата на СОС Детските села, во нашата мисија и цел, а целта нам, во СОС Детско село ни е да понудиме топол дом, среќно детство и секојдневие какво што уживаат сите други деца.

Освен на веб страницата граѓаните кои сакаат да помогнат можат да донираат онлајн и на Фејсбук https://www.facebook.com/detskoselomkd/ , а тоа можат да го направат и на Инстаграм https://www.instagram.com/sosdetskoselomakedonija/ .


Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните - МИА
Вести

Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 7 јули 2020 () – Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на […]

Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица - МИА
Вести

Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите

Скопје, 7 јули 2020 () – Вкупно 78 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден. Иако бројката е значително помала во однос на претходните недели, сепак надлежните предупредуваат дека есенските денови се […]

Вести

ДСКС ќе одлучува за неколку приговори доставени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Скопје, 7 јули 2020 () – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 32. седница на која ќе разгледа неколку приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата, како што е најавено, ќе разгледа […]