К-Поп сензацијата Blackpink го „освои“ TikTok


Што се добива кога ќе се спои TikTok – моментално најбрзо растечката социјална мрежа на светот и Blackpink – корејска музичка поп-група која пред недела дена целосно го „урна“ YouTube, рушејќи го рекордот за најмногу прегледи за 24 часа, со дури 82,4 милиони прегледи на нивното најново музичко видео?

Одговорот е кампањата #danceAwesome, како и многуте награди, рушење рекорди и милиони позитивни реакции ширум светот. Имено, откако неодамна беше претставена соработката со планетарно популарниот К-Поп бенд BTS, во форма на специјалното издание на уредите Galaxy S20+ и Galaxy Buds+, Samsung ги здружи силите со уште една корејска сензација, започнувајќи масовен тренд на TikTok платформата. Blackpink е четиричлена музичка група која за само четири години постоење, успеа да достигне преку 40 милиони следачи на YouTube. Исто така, ова е прв женски бенд кој не пее на англиски јазик, а кој стигна до познатата топ листа на магазинот Billboard.

Девојките од групата Blackpink измислија симпатична кореографија на „заразна“ мелодија во која ритмично се повторуваат зборовите „сјаен екран, сјајна камера, долготрајна батерија“, истакнувајќи ги функциите кои се најважни на корисниците на телефони, а кои се одликуваат и кај новата Galaxy A серија.

Како што можеше и да се очекува, одзивот на младите луѓе и Blackpink фановите ширум светот е фантастичен – 4,7 милиони од нив се приклучиле на #danceAwesome предизвикот и ја снимиле својата кореографска верзија во чест на моделите од Galaxy A серијата, а направени се повеќе од 20,2 милијарди прегледи на TikTok. Конечната потврда стигна и од страна на Асоцијацијата за дизајн и уметност, која ја награди кампањата за исклучителна креативност и иновација.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*