Истражување: Јужноафриканската варијанта на коронавирусот полесно се врзува за човечките ќелии


Научниците дојдоа до нови докази дека таканаречената јужноафриканска варијанта на коронавирусот е полесно и посилно врзана за човечките ќелии, што го прави позаразен, изјави денеска локалниот епидемиолог Салим Абдул Карим.



Британските медиуми пренесуваат дека Абдул Карим овој свој став го образожи на презентација на истражувањето за јужноафриканската варијанта на вирусот, позната како 501I.V2.

Новиот вид беше идентификуван од јужноафриканските експерти кон крајот на минатата година.