И ова лето, А1 Македонија со одлична летна распродажба на телефони, достапни по ексклузивни цени преку онлајн каналите за продажба


Ова лето, А1 Македонија продолжува со онлајн распродажба на телефони и на сите свои корисници, преку онлајн каналите за продажба А1 онлајн продавницата и А1 Live Shop, им нуди атрактивна понуда на смарт-телефони со попуст и бесплатна достава на домашна адреса.


 

Како дел од онлајн понудата се извонредните iPhone 11 со цена од 1,339 денари месечна рата, Xiaomi  Redmi Note 9 + Mi True Wireless Earphones 2 Basic слушалки со цена од 89 денари месечна рата како и Xiaomi Mi 11 lite 5G + Mi Watch Lite часовник со цена од 669 денари месечна рата, во онлајн тарифниот модел A1 Neon+. Во понудата се наоѓаат и Samsung Galaxy A02s по цена од 49 денари месечна рата, како и Samsung Galaxy A12 по цена од 149 денари месечна рата, во онлајн тарифниот модел A1 Neon+. Целосната понуда на телефони со онлајн попуст може да се погледне на следниот линк.

Дополнително, преку А1 онлајн продавницата, промотивно корисниците добиваат и 50GB мобилен интернет, како и вклучена ноќна опција за неограничено сурфање, од полноќ па се до 6 часот наутро, само со избор на А1 Neon+ тарифниот модел. Корисниците на А1 Neon и А1 Neon+ тарифните модели, промотивно може да добијат и 12 месеци бесплатно слушање на A1 Xplore Music by Deezer услуга, со вклучен A1 Go Music пакет, со кој го користат Deezer Premium пакетот без да им се одзема од месечниот интернет вклучен во тарифата.

Понудата е достапна во ограничени количини.