Група ентузијасти помагаат со волонтерска изработка на капи и други материјали за болниците


Група ентузијасти  помагаат со волонтерска изработка на капи и други материјали за болниците.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

“Почитувани,
Пред само неколку дена, на 27.03.2020 започнавме со иницијатива да израборуваме дома заштитни капи и каљачи за медицинскиот персонал кој се соочува со недостаток на заштитна опрема, а истовремено се соочени со предизвикот за зачувување на здравјето и животот на граѓаните, како пред тоа, така и за време на актуелната пандемија.
За среќа во акцијата ни се приклучија голем број жени, од различни професии, кои искрено и од срце сакаат да помогнат и лично од свои средства шијат капи и каљачи и ги дистрибуираат онаму каде е потребно.
Голема благодарност до сите овие храбри жени за нивната човечност во овие тешки мигови.
Хуманоста не познава граници, нема бариери.
Се приклучија и жени кои се вешти во шиење на маски.
Се јавија луѓе кои помагаат со дистрибуција.
Секој на свој начин, колку може помага.
До нас стигнуваат голем број барања од здравствени работници од сите институции во државата.
Правиме се што можеме, работиме ден и ноќ , да испорачаме секаде по одредена количина, но ве замолувам за трпение. Верувајте побарувањето и потребите на здравствените работници се огромни и фабрика да бевме немаше да постигнеме.
Секој што ни се обрати ќе биде исконтактиран и секаде ќе се обидеме да испорачаме одредена количина од изработките.
Само молиме за трпение.
Воедно ги охрабрувам сите оние кои досега не ни се приклучиле, да ни се приклучат, како за побрзо време би испорачале повеќе изработки, секаде каде е потребно.” – Марија Андоновска

https://www.facebook.com/groups/802697173473468/permalink/805924676484051/


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]