Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“


Халкбанк: Ажурирајте го телефонскиот број, ќе добиете СМС со информации за картичката „Купувам домашно“ - МИА

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери.

Светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс, публикација на Светска Банка од Вашингтон, секоја година прогласува најдобри банки во различни сегменти на банкарското работење, а изборот на најдобрите бан ки го вршат уредниците на списанието во соработка со истражувачки тим и издавачот, кои по опсежни анализи на номинираните во одделните категории, одлучуваат која банка ќе го однесе приматот во определена категорија за дадената година.

Главни критериуми за добивање на наградите се остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи и степенот на воведени иновации во категоријата каде што се врши изборот, како и адаптибилноста на банката на промените во финансискиот сектор.

Оттаму, да се биде дел од листата на Global Finance претставува вистинска привилегија. За Халкбанк, чие мото е „Важни се луѓето“, добиената награда е потврда за квалитетната и посветена работа и настојувањата да се обезбеди висок квалитет на услугите во сите сегменти на банкарското работење со население.

Наградата од Комерцбанк АГ е потврда за ефикасната соработка со тимот на Халкбанк и признавање на оперативните вештини што ги исполнуваат највисоките стандарди на меѓународните плаќања.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*