Герила акција „Внимавај каде се паркираш во Тетово“


Неформалната група „Арт активизам“ од  Тетово во својата денешна акција насловена „Внимавај каде паркираш“ на непрописно паркираните возила им поставуваше ткн. казнени  билети со цел да им укажат на возачите за потребата за поголема совесност при паркирањето и со апел да се внимава на безбедноста на граѓаните и пешаците чии места за движење се узурпирани од возилата.   

-Предупрепредување, важи за вашето возила, треба да научите како да паркирате, се вели во пораката на флаерот залепен на возилата.

Покрај предупредувањата, активистите поставија и пофалници на оние возила кои се прописно паркирани со цел да ги поддржат и истакнат совесните возачи.

Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Тетово е сообраќајниот хаос. И покрај воведувањето на зонското паркирање, тешко се наоѓаат слободни паркинг места. Поради ваквата ситуација секој паркира каде што ќе стигне. Од една страна, општината не обезбедува доволно простор за паркинг а од друга ако возачите се паркираат погрешно, експресно ги казнуваат. На двата главни булевари во Тетово, „Илирија“ и „Илинденска“, сообраќајот се одвива на половина од коловозната лента поради паркираните комби такси превозници и други возила со што метежот во сообраќајот во овие улици станува се’ поголем, истакнуваат групата активисти.

Тие потсетуваат дека со години наназад возила се паркираат на пешачката зона на самиот плоштад.


Вести

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот […]

ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА
Вести

Протест сега, за да не биде предоцна – повик за достоинствен начин да се спротивставиме на пазарџиската и анационална политика на Заев

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, без разлика на етничката, верската или политичката припадност да земат учество во сенародниот и надпартиски протест за заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет […]

Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптека низ државата - МИА
Вести

ЕУ со намера да ги намали цените на лековите

Новата европска фармацевтска стратегија ќе овозможи намалување на цената на лековите и враќање на фармацевтското производство во Европа. Тоа го нагласи хрватскиот европратеник Томислав Сокол повикувајќи на заедничка европска набавка на лекови, јави Хина. Европратениците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*