ЕВН го одбележa Меѓународниот ден на волонтерите

Волонтерите на ЕВН  со активности во Скопје, Велес и Гостивар го одбележаа 5 Декември, Светскиот ден на волонтерството.

Во скопската населба Ново Лисиче во парк покрај станбени објекти, волонтерите на ЕВН направија игралиште за забава и рекреација  од моторни гуми, електрични кабли  и кабелски котури.  Долж  автопатот  Скопје – Велес беа засадени 2.450 садници, а гостиварските волонтери ги разубавуваа просториите  на Дневниот центар за лица со посебни потреби и ги едуцираа штитениците на домот за значењето на енергијата.

Волонтери ЕВН

Волонтер во скопската група беше и претседателот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

-Волонтирањето е желба и волонтерите за својот вложен труд не добиваат надомест. Со тоа се потврдува дека вредните нешта во животот не се секогаш креирани од  парите, некогаш за тоа се потребни желбата, човековиот труд и идеите.  Програмата за волонтирање на ЕВН е посебна по тоа што на вработените им нудиме целосна поддршка во реализацијата на волонтерските активности корисни за  локалните заедници, како што е и денешната, изјави Петер.

Поддршка на активностите од проектот  „ЕВН Волонтира“  даде и градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, според кого, секој труд вложен во вакви проекти е за доброто на поединците и за локалната заедница.

Проектот ЕВН Волонтира се реализира и во соработка со  граѓанската организација „Конект“ чиј  што претставник  Никица Кусиникова истакна дека ЕВН е позитивен пример за тоа како бизнисите треба да соработуваат со граѓанскиот сектор.


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]