Euronews: Worst air quality in Europe = Macedonia!


Worst air quality in Europe = Macedonia. Ние си знаеме, си дишеме, сега и Европа нè научи. Без меѓународен пристиок ништо не правиме, па да се надеваме дека ова ќе помогне да ја притиснат нашата Влада сериозно да му пристапи на решавањето на проблемот, со рокови и мерки. Со децении се влечеме и секоја година истото го слушаме “проблемот е комплексен, не може преку ноќ да се реши”. До сега најкомплексен да беше, ќе се решеше ако се работеше на случјот. Ама кај нас еден извештај до каде е имплементацијата на мерките, заклучоците од пред една година донесени на Владина седница не може да се добие, одговори на наши прашања поставени пред повеќе од два месеци не се добиваат, не па да се реши загадувањево. Вака, ќе си го слушаме рефренот со кој генерации пораснаа, дека проблемот е комплексен и не може преку ноќ да се реши. А од надвор ќе се чудат како една толку мала земја, која нема ни 2 милиони жители не може да преземе мерки и го реши проблемов.

(Видеото е преземено од euronews https://www.youtube.com/watch?v=78xDmfOdJf0)


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]