Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Артикот


Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот се уште не почнал да се замрзнува иако е крај на октомври. Засега тоа е најдоцен регистриран период во кој се уште не е создаден мраз.

Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет Колорадо истакна дека Арктикот во моментот има најмало количество мраз за овој период..

– Количеството ова есен е апсурдно, мора да обрнеме внимание на овие показатели на климатските промени, напиша Леби на Твитер.

Арктичкиот морски мраз најниска точка вообичаено достигнува во септември, а највисока во март, но сега дебелината на морскиот мраз е под просекот.

Еколозите предупредуваат дека недостигот на мраз не е само предзнак на трагичните климатски промени, туку може да влијае и врз животот во морето, бидејќи мразот со себе носи хранливи состојки за арктичкиот планктон.

Морето не е замрзнато поради необичното топло времне во северниот дел на Русија, сибирскиот топлотен бран од пролетта, како и глобалното затоплување.

Создавањето на мраз на Арктикот е значително забавено изминатите години, а 2020, по 2018 е најлоша година.


Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптека низ државата - МИА
Вести

ЕУ со намера да ги намали цените на лековите

Новата европска фармацевтска стратегија ќе овозможи намалување на цената на лековите и враќање на фармацевтското производство во Европа. Тоа го нагласи хрватскиот европратеник Томислав Сокол повикувајќи на заедничка европска набавка на лекови, јави Хина. Европратениците […]

Вести

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот […]

Вести

Црвенковски го замрзна членство во СДСМ, повика итно да се свика ЦО на партијата

Скопје, 26 ноември 2020 Јавно обраќање на поранешниот Претседател на РМ и основачот и долгогодишен Претседател на СДСМ Бранкo Црвенковски до раководството и членовите на СДСМ Почитувани сопартијци, Во изминативе 7 години се решив да […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*