Да и помогнеме на Неделка!


“Јас сум девојка на возраст од 30 години и боледувам од Hemiparesis l.dex. Имав операција фазна фибротомија по улзибат 8 Март 2018 во Србија каде што ме оперираа руски доктори,27 јануари 2019 бев на рехабилитација во Семеринг,Австрија.

Ние немаме друг, државата во секој поглед кренала раце од нас со што сме принудени да се бориме сами за жал. Затоа сакам да ви кажам, продолжувам со борбата. Тешка но остварлива и многу сум среќна што со секоја нова борба имам нови и нови резултати. Со помош на операцијата раката ми се опушти,говорот ми е многу подобрен уште првиот ден по операцијата а како заздравував говорот се повеќе и повеќе се оправуваше.

1година и1 месец после операција
2.prefaktura za operacijata vo septemvri
6 месеци после операција
17 дена после операција
17 дена после операција1
58079848_623381664801680_912431163123957760_n
Izvestaj od rehabilitacijata vo avstrija MR_Nedelka 1
MR_Nedelka 2
MR_Nedelka 3
MR_Nedelka 4

Во Јануари 2019 бев на рехабилитација која чинеше 7000 евра за 14 дена многумина би биле скептични во однос на резултатот кој би можел да се достигне но јас ќе ти кажам една прекрасна вест дека прстите на раката уште повеќе ми се исправени и можам да држам телефон во раката. Пред тоа немав сила за такво нешто исто така без проблем можам да држам кеса во раката кога пазарувам до 2,3 кг, подолго од претходно. Претходно имав страшни болки и немав сила а сега имам и мускулчиња на раката што значи се опоравува. Но борбата не застанува тука сега во Септември морам повторно да одам на операција која ќе ме чини околу 5000 евра (со пост-оперативни третмани) и со патни трошоци.

Хуманите граѓани може да донираат на 143-464 доколку се на ВИП или ОНЕ.И пред се сакам да им се заблагодарам од срце за насмевката кои ми ја овозможија и радоста која е бесценета. Ви благодарам. ” – Неделка Чукчуковска

Сметка за донации 210 5016724851 07

Неделка Чукчуковска

НЛБ банка АД Скопје

Сметка за донации од странство

IBAN MK07210501672485107

Nedelka Cukcukovska

SWIFT TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE  

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]