Чума косела низ Тиквешијата неколку пати низ историјата


– Чума или заразна болест косела низ Тиквешијата неколку пати низ историјата, за МИА потврдува историчарот Петре Камчевски. Според податоците до кои дошол низ годините, голем бил бројот на тиквешани кои настрадале од болестите што ги именувале како чума.

Три големи и историски потврдени епидемии    

Историчарот Петре Камчевски кажува дека постоеле три големи и историски потврдени епидемии во Тиквешко.

– Првпат за појава на чума во Тиквешијата се знае од почетокот на 18 век или поточно од 1708 година. Оваа болест најчесто ја пренесувале војните и војниците. Во овој крај болеста ја имале донесено турските војници (Черкези и Татари). Иако има многу скромни податоци за неа, се знае дека зафатила неколку тиквешки села, како и неколку во областа Раец, појаснува хроничарот на Кавадарци.

Многу поголема и пострашна, нагласува, била чумата што овој крај го зафатила во 1895/1896 година, која од Северна Турција се пренела во Македонија.

– Оваа болест била особено немилосрдна во селата Ваташа, Моклиште, Бегниште, Бохула, Долни Дисан, Бесвица и други. За да се спаси населението од Ваташа, во збег го напуштиле селото и христијаните и Турците и привремено се населиле во месноста Катуниште. Кога интензитетот на чумата поминал, тие повторно се вратиле во селото, појаснува Камчевски.

Последната голема епидемија на чума во овој крај била регистрирана во 1916 година, од која настрадало населението од неколку планински села како Рожден, Мрежичко, Галиште, Клиново, Конопиште и други, каде што се наоѓала линијата на фронтот, во времето на Првата светска војна. Се смета дека болеста ја пренеле мароканските и алжирските војници регрутирани во француската армија. Како последица од чумата, само во Клиново починале повеќе од стотина лица.

Секира, но и млеко од црна магарица 

Првите раскажувања за болеста чума што своевремено косела во кавадаречкото село Чемерско, кое се наоѓа на четириесетина километри од градот, во подножјето на планината Кожуф, ги добив од мојата мајка, 76-годишната Марија Ставрова од Неготино. До околу 25-годишна возраст таа живеела во селото.

– Бев многу мала. Во сеќавањата засекогаш ми се врежа моментот кога, за да се спасиме од болеста што ја викаа чума, сите луѓе од селото моравме преку вода да преминеме од другата страна на долот близу селото. Поминав и јас, цврсто држејќи ја мајка ми за рака, опишува таа за тие моменти на страв од болеста, кој владеел насекаде.

Осумдесетгодишниот кавадарчанец Благој Стојков, кој, исто така, потекнува од Чемерско, потврдува оти се сеќава дека како дете заедно со сите други чемерци поминал преку водата во долот.

– Нè водеа да поминеме од другата страна, и тоа ноќе. Кој како помине, нè напојуваа со млеко од црна магарица. Знам дека на средина имаше ставено и секира. Секој мораше да ја пречекори. Поради верување, ако се направи сè како што се правеше, дека ќе се пресече болеста на некој начин, открива Стојков.

Оние што поради разни причини не можеле самите да преминат од другата страна, заради болест или слично, ги преминувале ставени на импровизирани носилки.

Претседателот на селската месна заедница Трајко Тасев вели дека самиот многу имал слушано од постарите за страшната болест што своевремено косела во селото, а заболени, како што додава, паѓале како снопје.

– Тогаш немало лекарства. Заболувале и умирале послабите, тие со послаб имунитет. Тој што заболувал, многу тешко останувал жив, пренесува тој, за тоа што го имал слушнато од чемерци.

Соговорниците на МИА се децидни дека низ годините луѓето на различен начин се справувале со болестите. Кога станува збор за коронавирусот, со кој се соочуваме во моментов, апелираа да се почитуваат мерките од надлежните и да се остане дома, за превентивно да се влијае за вирусот да не се шири.

Светлана Дарудова


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]