Чуден симбол на раката на демократски кандидат за претседател на САД


За време на дебатата одржана на Си Ен Ен меѓу демократските кандидати за претседател на САД, вниманието на медиумите го привлече чудниот симбол на раката на американскиот богаташ, сопственик на инвестициски фонд, Том Стејер.

Имено, камерите забележале детал на неговата лева рака – чуден крст грубо нацртан со пенкало и во секој дел нацртан уште по еден помал крст.

Стејер со тој симбол на раката се појавува секој ден во последните две години, а тоа што е интересно е дека претставува ерусалимски крст од 13. век. Не постои точно дефинирано значење на симболот, но експерти се уште толкуваат што би можел да претставува.

Минатата година во едно интервју, демократскиот кандидат изјавил дека крстот ја симболизира вистината која мора да се каже по секоја цена.

– Го цртам веќе подолг период за секојдневно да ме потсетува да ја зборувам вистината. Подоцна открив дека станува збор за ерусалимски крст, истакна тогаш Стејер.

Првпат го нацртал во 2017 година и тогаш објаснил дека тоа е меѓународен симбол на скромноста, иако не е утврдена вистинитоста на таквото тврдење.

Стејер е долгогодишен спонзор на Демократската партија и еден од главните заговорници за отповикување на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.


Вести

Снимки и нови нови материјални докази на „Рекет”

–  Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски- Кичеец кој […]

Вести

Собранието се распушти, отворен патот за избори на 12 април

– Собранието едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Претходно распуштањето на Парламентот беше најавено за 12 февруари, но претседателот на […]

Вести

Течат роковите за спроведување на изборите на 12 април

Откако претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, течат роковите за нивно спроведување. Државната изборна комисија на вечерва одржаната седница го усвои Роковникот за […]