Бронзен медал за средношколецот Драго Јакимовски на Втората Балканска олимпијада по физика


Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора), средношколецот од Пробиштип Драго Јакимовски освои бронзен медал, а Мајкл Георгиевски доби награда за успешно учество (пофалница) на Втората Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија.
Меѓународниот напревар по физика се одржа во периодот од 23 до 31 октомври 2020 година. Поради пандемијата со Ковид 19 натпреварот сеодвиваше во секоја од државите учесници на олимпијадата под координаторство на офцијалните организатори. Локален организатор на оваа олимпијада во нашата земја беше Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
На овај натпревар покрај Драго Јакимовски од Пробиштип, кој е ученик од трета година во СОУ „Орце Николов“ – Скопје; нашата зема ја претставува и Мајкл Георгиевски од Кавадарци, ученик од втора година во СОУ „Добри Даскалов“ -Кавадарци; Бисера Јаневска од Скопје, ученик во трета година во ПСУ „Алгоритам“ – Скопје; Димитар Џорлев од Струмица, ученик во трета година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица и Стефан Дрмач од Скопје, ученик во втора година во СОУ „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје (поканет натпреварувач од официјалниот организатор, надвор од официјална конкуренција).
Водач на тимот од Македонија беше проф. д-р Ирина Петреска од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а заменик водач на тимот проф. д-р Ламбе Барандовски од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, информираат од Друштвото на физичарите на Република Македонија.


Бизнис и економија

Сопствениците на возила со странски таблички ќе потпишуваат изјава дека возилото е влезено пред 1 октомври

– Сопствениците на возила со странски таблички ќе треба да дадат изјава дека возилото е влезено во земјава пред 1 октомври за последен пат за да платат помали давачки за регистрација. Министерот за економија Крешник […]

Вести

Ѓоргиев: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

– Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка. Историските контроверзи, недоразбирањата и историографските спорови треба да ги решаваат историчарите, а не политичарите. Комисијата треба да биде оставена да работи без […]

Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*