Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани


Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана упати апел до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на петгодишниот Алекс Мазенкофски, по потекло од Мала Преспа.

– Сите хумани луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогнеме за лекување на малиот Алекс со потекло од Преспа, Албанија, кому преку ноќ му се смени животот. Средствата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f66qz-10000. Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Алекс, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе ми дадеме поддршка на Алекс безгрижно да го мине детството и да ги оствари своите соништа, стои во апелот на друштвото.

Друштвото го пренесува и апелот на неговите родители, во кој се наведува дека на малиот Алекс неодамна му била дијагностицирана многу ретка болест наречена холестатом. Тоа е ткиво што расте во неговото лево уво и треба веднаш да се отстрани, бидејќи подоцна може да предизвика парализа на лицето.

По завршувањето на сите испитувања било утврдено дека со итна операција на оваа возраст успешно се лекува. Доколку семејството обезбеди средства детето може да се оперира на крајот од овој месец во болница во САД, каде што живее семејството.

За операцијата се потребни 47.000 а до сега се собрани околу 5.100 долари.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]