Анкета: Половина од граѓаните на Србија ги сметаат САД за непријател


Половина од граѓаните на Србија сметаат дека САД и се непријател на Србија, како и дека треба да се градат добри односи и со САД и со Русија, покажа анкетата објавена од невладиниот Институтот за европски работи од Белград.

Четвртина од српските граѓани ги оценуваат односите меѓу Србија и САД со најниска оценка, третина даваат оценка од 3, 5 проценти, девет отсто даваат оценка 4, додека 4,9 проценти од граѓаните даваат највисока оценка – 5. На скала од 1 до 5 односите меѓу двете земји оценети се со просечна оценка од 2,34.

Половина од граѓаните на Србија ги сметаат САД за непријател на Србија (воглавно постарите од 60 години), 22 проценти сметаат дека САД се пријател, а 28 проценти не знаат како да одговорат.

Дека е важно Србија да има добри односи и со Русија и со САД смета 57 проценти од граѓаните, а 40,9 проценти се изјасниле дека Србија треба да има добри односи со Русија.

Околу 43 проценти од граѓаните веруваат дека во иднина односите меѓу Србија и САД ќе бидат подобри, а околу 47 проценти од граѓаните сметаат дека нема да има подобрување на односите.

На прашањето што би ги подобрило односите меѓу Србија и САД, 21,6 проценти рекле дека тоа е решение за косовското прашање, 12,8 проценти рекле дека тоа ќе се случи ако Косово и се врати на Србија, 10,8 отсто го наведува извинувањето на НАТО и воените оштети. 9,7 проценти не знаат како да одговорат, 8,1 процент сметаат дека тоа е пристапување на Србија во ЕУ.

Речиси половина од српските граѓани (49 проценти) веруваат дека евентуална посета на Доналд Трамп ќе ги подобри односите меѓу Србија и САД.


Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна - МИА
Вести

Почнаа 80-часовниот карантин за најризичните и дневните рестрикции за останатите општини

Скопје, 4 јуни 2020 () – Почна полицискиот час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, […]

Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти

Скопје, 4 јуни 2020 () – Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-19, Штип-16, Прилеп-4, Тетово-9, Велес-2, Гостивар-1, Неготино -1, Струмица-1. […]

Вести

Над 110 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

– Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје. Од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, […]