Американците за „Црн петок“ купиле толку многу оружје што можат да се вооружат сите маринци


Американското Федерално истражно биро – ФБИ примило повеќе од 200.000 барања за проверка во врска со купувањето огнено оружје за „Црниот петок“ (Black Friday), што претставува втора рекордна продажба на оружје од 1998 година, откако ФБИ ги воведе овие проверки.

Продажбата на оружје на „Црниот петок“ е нарасната за 11 отсто во однос на минатата година, додека претходниот рекорд бил поставен во 2016 година, на еден ден по Денот на благодарноста, кога всушност се слави „Црниот петок“ .

Потенцијалниот купувач го пополнува формуларот, познат како АТФ, со што се почнува со проверката на подобноста за поседување оружје.

Оваа бројка, меѓутоа, не мора нужно да го одразува вистинскиот број на продадени парчиња оружје, наведуваат американските медиуми.

Заднинската проверка на купувачот на оружје може да се однесува на повеќе објавени купувања во случај купувачот да одлучи да купи повеќе парчиња огнено оружје.

Покрај тоа, некои барања за купување оружје можат да бидат и одбиени.

Доколку се суди според овие бројки, Американците купиле доволно парчиња оружје да го вооружат секој американски маринец од вкупно 182.000, колку што се во активна служба.

Овие бројки не го земаат во предвид огненото оружје набавено преку Интернет.

Според податоците на Конгресната служба за истражување, во последните пет години се случиле најмалку 33 масовни пукотници во кои се убиени најмалку четири и повеќе лица, не вклучувајќи ги и напаѓачите.


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]