Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк


Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори,закажани за в среда.

На последниот ден од изборната кампања, партиите ќе се обидат да ги придобијат гласовите на граѓаните преку презентирање на нивните програми што ги ветуваат за следниот четиригодишен период.

Коалицијата „Можеме“  предводена од СДСМ ќе ги заокружи изборните активности во Битола, а претходно ќе ја посети скопската општина Кисела Вода, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе биде во Штип, Пробиштип и Карбинци.

Демократската унија за интеграција заедно со нејзиниот кандидат за прв премиер Албанец Насер Зибери и кандидатите за пратеници во сите шест изборни единици ќе одржи прес-конференција пред Собранието, а кај фонтана во Градскиот парк во Скопје своите кандидати завршно ќе ги претстави и ГДУ. Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” ќе ја заврши изборната активност во Охрид, а во Битола обраќање ќе има и носителот во ИЕ 5 и лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

На полноќ почнува изборниот молк по што веќе од утре почнува гласањето, кое годинава за првпат ќе трае три дена поради актуелната ситуација со корона вирусот.

Според Роковникот за одржување на изборите, утре ќе гласаат оние кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД 19 и лицата на кои им е определена мерка самоизолација. Тие ќе гласаат во своите домови, а гласањето ќе го спроведе посебен избирачки одбор формиран од ДИК.

Немоќните и болни лица, хронично болните, времено раселените лица, лицата згрижени во посебни установи за вонсемејна грижа, како и затворениците и оние кои се во домашен притвор, ќе гласаат во вторник, еден ден пред одржувањето на изборите.

Во среда, на денот на изборите, гласањето ќе започне од 7 часот, но ќе трае до 21 часот, односно ќе биде продолжено два часа подолго за разлика од претходните изборни циклуси.

Граѓаните ќе избираат меѓу кандидатите на 15 коалиции и партии. Право на глас имаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Поради пандемијата со коронавирусот, гласањето ќе се одвива според безбедносни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните подготвени од Комисијата за заразни болести.

Првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат, Државната изборна комисија ќе ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршување на изборите. Конечните резултати од изборите ДИК треба да ги објави најдоцна во рок од 24 часа од денот на завршувањето на изборите.

 


Вести

Осумдесет и осум нови случаи на заболени од Ковид-19, шестмина починати и 113 оздравени

Скопје, 5 август 2020 () – Осумдесет и осум случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, шест лица починаа, а 113 се оздравени. Направени се 1507 тестирања, а од новорегистрираните случаи 23 […]

Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*